Добивај вести на Viber
Најголемиот производител на нафта во Африка - Нигерија, веќе официјално е првата по сила економија на "црниот" континент. Земјата го претекнa по големина бруто домашниот производ на поранешниот долгогодишен лидер Јужна Африка.
Владиниот извештај покажа дека нигерискиот БДП се зголемил до 453 милијарди долари, надминувајќи ги 384-те милијарди долари на Јужна Африка.
"Нигерија е најголемата економија во Африка од гледна точка на БДП и 26-тата економија во светот", истакна министерот за финансии Нгози Оконджо-Ивеала.
Статистичката единица на ОН препорачува ревидирање на базата за пресметка на БДП на секои пет години. Во Нигерија такво нешто не беше направено од 1990 година. Сегашниот извештај веќе ги вклучува и најбрзо растечките области на телекомуникациите и филмската индустрија.
Просечниот економски раст на Нигерија во изминатите осум години е во износ од 6,8 отсто. За оваа година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува ниво од 7,4%.
Во Јужна Африка, пак, просечната економска експанзија до 2009 година беше малку повеќе од 5%. Последователно нивото се намали нагло како резултат на глобалната економска криза. Сепак "во однос на инфраструктурата, Јужна Африка продолжува да биде гигант, кој се наоѓа далеку понапред од Нигерија",вели главниот економист на Efficient Group Дејви Руд.
Што се однесува до индикаторот БДП по глава на жител, Јужна Африка, каде што живеат 53 милиони луѓе, е далеку понапред од Нигерија - најнаселена земја во Африка со околу 170 милиони луѓе. Според зборовите на Оконджо-Ивеала БДП по глава на жител во Нигерија достигна 2 688 долари годишно во споредба со 1 555 долари годишно во 2012 година. Ова ја става земјата на 121-то место во светот. Во Јужна Африка, пак, нивото е 7 508 долари.
Според Светската банка во 2010 година 84,5% од луѓето во Нигерија живееле со само 2 долари на ден. Покрај тоа сериозен проблем продолжува да биде и исламистичката секта "Боко Харам".
"Пресметка на БДП е само шминка. Всушност ништо не се менува, платите не се зголемуваат два пати. Ние сепак се надеваме дека тоа ќе ги зголеми инвестициите и атрактивноста на Нигерија", изјави аналитичарот на Nigerian Economic Summit Group Чуба Езеквезили.
К.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: