05 Декември, 2025
0.2095

НИКАДЕ БЕЗ СЕРТИФИКАТ: Грција, Словенија, Швајцарија ги заострија мерките

Објавено во: Свет, Корона Вирус 17 Септември, 2021 15:48

Добивај вести на Viber

Европа се подготвува за нов бран, мерките се заоструваат, и речиси никаде не може да се влезе без ковид-сертификат. 

Грција, Словенија, Швајцарија ги заострија рестрикциите. На 13 септември Грција воведе нови мерки против коронавирусот, кои ќе траат до 31 март следната година, и вклучува задолжително неделно тестирање на лицата кои не се вакцинирани, додека услов за пристап до одредени затворени простории се вакцинација или негативен тест за коронавирус.

Во Словенија, од среда вработените во јавните институции и компании, како и нивните клиенти, мора да имаат потврда за вакцинација, прележан ковид или негативен тест. Потребен е сертификат за влез во трговски центри и јавен превоз, освен за ученици од основно и средно училиште. Потребни се и сертификати во здравствени установи, освен во итни случаи.

Во Швајцарија,  сертификат е потребен за влез во јавни институции, ресторани, фитнес-центри и други затворени простории.

Швајцарската влада донесе одлука, со цел да се спречи преоптоварување со здравствениот систем, обврската за поседување сертификат да се прошири и на дополнителен број институции. Така, се воведува обврска за потврда за вакцинација, прележан ковид или негативен тест, за сите лица над 16 години, во временски период до 24 јануари следната година.

Сертификатот ќе биде задолжителен за сите настани што се одржуваат во затворени простории и вклучува концерти, театри, кина, спортски натпревари, но и свадби.

И во земјава се очекува од октомври да се бараат две дози од вакцината против ковид за влез во институции. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република