НИКАКО ДА ИЗБЕГАМЕ ОД НАШИОТ „КРПЕН ЖИВОТ“: само за храна и основни продукти трошиме 70 отсто од примањата
Објавено во: Економија 11 Јули, 2024 07:32
Стандардот на македонските граѓани и понатаму опаѓа, и покрај сите укажувања дека граѓаните најмногу трошат на основни продукти, и покрај растот на минималната плата, состојбите не се подбрени. Анализа изработена од Државниот завод за статисика, покажува дека во последните три години нашите сограѓани трошат скоро 70 проценти само на храна, пијалоци и основни домашни потреби.
- Просечното домаќинство во Македонија наменува околу 68,6 отсто од својата потрошувачка за задоволување на основните потреби како храна, облека, домување и покуќнина – нагласуваат статистичарите во анализата.
Бројките покажуваат дека во последните три години, најголем дел од трошоците на домаќинствата се за покривање на потребите за храна. Па така, ставката храна и безалкохолни пијалоци во 2021 година опфаќала 47,1 процент, за во 2022 година, кога имавме најголем пораст на цените на прехрамбените производи оваа ставка достигнала 51,1 отсто. Додека во текот на минатата година трошоците на домаќинствата за храна се намалиле и опфатиле 50,1 процент од примањата.
Нашиот „крпен живот“ честопати е тема на дискусија која најчесто ја потикнуваат синдикалните здруженија кои бараат раст на платите, осбоено потенцирајќи дека минатата година кога најмногу поскапуваше храната, владините функционери добија покачување од дури 78 проценти на платите. Поради превисоките трошоци кои ги имаат семејствата за основни продукти, синдикатите бараат раст и на минималната и на останатите плати во земајва.
- Сведоци сме дека додека платите на работниците се зголемуваат минорно, со забавено темпо и несоодветно на инфлацијата и зголемените трошоци на живот или воопшто не се зголемуваат, функционерите си обезбедија пораст на платите од енормни и незаслужени 78 отсто – посочуваат од Сојузот на Синдикати на Македонија.
Тие посочија дека имаме најниска минималната плата во регионот. Во Црна Гора минималецот изнесува 450 евра, Србија 423 евра, Босна и Херцеговина (Р.Српска) 450 евра, Хрватска 840 евра (бруто), Словенија 1.253,90 евра (бруто), Албанија 385 евра. Минималната плата во Македонија изнесува 22.567 денари (367 евра) и е најниска во регионот, како и просечната плата.
- Работниците бараат и очекуваат минимална плата од најмалку 450 евра како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила во државите од регионот – нагласуваат синдикатите.
Анализата на ДЗС покажува дека токму трошоците за храна имале најголем раст во 2022 година, од високи 20,9 проценти. Голем раст истата година бил забележан и кај транспортот од дуи 19 проценти, по што следува секторот домување со 13 проценти зголемување на трошоците.
Фото: Darko Cvetanoski on Unsplash
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа




