НИКИЦА МОЈСОСКА-БЛАЖЕВСКИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ИЗВОЗОТ Е КЛУЧОТ ЗА НАШАТА ЕКОНОМИЈА, А КОМОРАТА Е ГЛАСОТ НА БИЗНИСОТ“
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2025 09:25
„Мојата почит спрема Стопанската комора е на највисоко ниво затоа што во неа членуваат компаниите кои го движат македонскиот извоз, компаниите кои го полнат нашиот буџет, компаниите кои нѐ водат напред. Комората е гласот на бизнисот – од дизајнирање и носење политики до детектирање проблеми и барање нивно решение“, изјави д-р Никица Мојсоска-Блажевски, потпретседател на Управниот одбор на Стопанската комора и главен извршен директор на „Македонија 2025“, во најновото издание на „Бизнис-клуб“ со претседателот на Комората Бранко Азески.
Таа посочува дека Комората е колективно тело во кое секој се грижи за своите интереси, но на крај колективниот интерес е најважен и за економијата и за државата. Притоа, потсетува дека Стопанската комора на разни начини на компаниите им обезбедува континуирана поддршка: обезбедување кредити и средства за технолошка опременост и модернизација, заеднички настап на трети пазари, учество на саеми, како и обезбедување и размена на релевантни информации.

„Секоја влада ја знае моќта на коморите и мора да ги ислуша и да ги консултира при носењето одлуки. Не смееме да ги заборавиме периодите на кризи во кои Стопанската комора како партнер им помогна и на компаниите и на државата“, додава Мојсоска-Блажевски.
Во продолжение на поткастот, д-р Мојсоска-Блажевски нагласи дека како мала економија Македонија својот економски раст мора да го базира на извозот, но и на инвестициите. Според неа, потребни се промена во начинот на размислување на компаниите и активна потрага по нови пазари.
„Можеби Западот е нашата иднина, но не смееме да го занемариме Истокот. Треба глобално да бидеме отворени за сите можности што ни ги нуди светот“, вели таа.
Во таа насока, Комората ќе развива програми за поддршка на компаниите за нивниот настап за влез на нови странски пазари, за промена на деловниот менталитет, за изработка на почетно истражување на пазарот и за изнаоѓање партнери.
Во продолжение на разговорот д-р Мојсоска-Блажевски подвлекува дека државата и Комората треба заеднички да обезбедат стабилна и предвидлива бизнис-клима преку поедноставена регулатива, заради создавање фер услови за функционирање на компаниите, но и за владеење на правото како основа за посилен приватен сектор и одржлив економски раст.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





