Никна метеоролошката станица во Лепово,Неготинско
Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2012 14:51
Мрежата за рурален развој и инвестициската група М6 денеска потпишаа Меморандум за соработка со кој и официјално е овозможено поставување метеоролошка станица на локацијата Лепово, Неготинско, сопственост на М6.
Согласно Меморандумот, М6 му дозволува на проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени бесплатно да користи простор во винаријата.
Метеоролошката станица, која е автоматска, веќе функционира, прибира податоци, но допрва ќе биде одлучено како тие ќе се пласираат, електронски или преку директна комуникација со земјоделците, стопанствениците и сите останати, заинтересирани граѓани.
Освен што ќе ги мери основните параметри, температура, влага и притисок на воздух, количина и интензитет на врнежи, брзина на ветер, сончева радијација, софистицираниот софтвер ќе прави и споредбени анализи на сличните податоци од Управата за хидрометеоролошки податоци (УХМР). Воедно, на производителите, врз основа на таквите согледувања, ќе им се сугерираат препораки за примена на нови агротехнички мерки и практики, најсоодветни за конкретното подрачје, прилагодени на климатските промени.
- Некои тврдат дека поради тоа што сме мала земја, во развој, ќе не одминат климатските промени или последиците од нив ќе бидат помали. Но, вистината е сосема спротивна. Токму земјите во развој најбрзо и најжестоко ќе ги почувствуваат промените. За тоа има многу причини, неизграденото, кревко стопанство, недоволната финансиска моќ, немањето ресурси, вклучувајќи и човечки, слаба организираност на институциите кои треба да ги раководат процесите, непостоење долгорочен сериозен мониторинг и собирање податоци од кои би произлегле стратегиите за соочување со овој феномен, рече претседателот на М6 Светозар Јаневски пред потпишувањето на Меморандумот.
Земјоделството и лозарството, како негов сегмент, се поврзани, додаде Јаневски, со долгорочни вложувања кои треба да дадат резултати по повеќе години и децении. Сепак, на крајот, најчесто е пресуден климатскиот фактор. Затоа, научните и сигурните предвидувања се од особена, одлучувачка важност.
- Секој што вложува време, енергија и средства во соочувањето со климатските промени, покажува исклучителна општествена одговорност зашто ова не е проблем со кој се соочува само еден субјект, туку ги погодува сите, најмалите фармери, лозарите, производителите, како и заедницата во целина. Затоа е драгоцено вклучувањето на секоја компанија, организација или поединец во ваквиот процес, порача претседателот на М6.
Мора да се има предвид и фактот, подвлече Јаневски, дека климатските промени кои драстично ќе се почувствуваат овој век со затоплување од два до пет степени, ќе ги изместат досегашните приоритети, обезбедувањето средства во услови на криза, производни портфолија, таргетирање пазари, дефинирање маркетиншки настапи...
Метеоролошката станица во Лепово се очекува да го даде одговорот на прашањето како производството да се адаптира на климатските промени и како да се минимизираат нивните евентуално штетни влијанија.
- Информациите за временските услови кои ги собираме ќе им помогнат на земјоделците во донесувањето одлуки, во подобрувањето на работата, зголемувањето на способноста за адаптација кон климатските промени, како и во зачувувањето или зголемувањето на нивото на приходот, посочи директорот на мисијата на УСАИД во Македонија Роберт Вурц.
Проектот на УСАИД за адаптација на земјоделството кон климатските промени е спој на земјоделската наука и пракса за изнаоѓање адаптивни решенија за негативните влијанија во градинарството, овоштарството и лозарството. Почна во април годинава и веќе ги даде првите резултати
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот
„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец





