09 Октомври, 2024
0.0268

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАДЕ Е: Исчезна рускиот опозиционер Алексеј Навални

Објавено во: Свет 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Адвокатите на рускиот опозиционер Алексеј Навални велат дека изгубиле контакт со него и не знаат каде се наоѓа сега, пренесува Си-Ен-Ен. Рускиот опозициски лидер и жесток критичар на претседателот Владимир Путин беше затворен во казнена установа источно од Москва.

Неговата портпаролка Кира Јармиш изјави дека тој денеска требало да се појави на суд преку видео врска, но не се појавил. Таа рече дека затворските власти како причина навеле „проблеми со струјата“.

Навални беше осуден на 19 години затвор во август, откако беше прогласен за виновен за создавање екстремистичка заедница, финансирање екстремистички активности и други злосторства. Тој веќе одлежа 11 и пол години во затвор со максимална безбедност за измама и други обвиненија, кои тој ги негира.

Адвокатите велат дека направиле неколку обиди да добијат пристап до две казнени установи во близина на главниот град Москва за кои се верува дека во нив се наоѓа Навални. 47-годишниот не е во казнените колонии ИК-6 и ИК-7, додаде Јармиш.

„Во петокот и во текот на денешниот ден, ниту ИК-6 ниту ИК-7 не одговорија на нашите прашања“, рече Јармиш, додавајќи дека шест дена никој не знае каде е Навални.

Навални последен пат бил затворен во казнената колонија ИК-6, источно од Москва.

Неговата соработничка Љубов Собол за „Ројтерс“ минатата недела изјави дека неговите поддржувачи се плаши дека тој ќе биде преместен во нова затворска колонија и дека „тајмингот“ е поврзан со почетокот на кампањата за претседателските избори во која Владимир Путин ќе бара уште еден шестгодишен мандат.

Навални организираше антивладини демонстрации и се залагаше за реформи против корупцијата во Русија, вклучувајќи го и самиот Путин. Навални беше член на Координативниот совет на руската опозиција, лидер на партијата Русија на иднината и основач на Фондацијата за борба против корупцијата (ФБК).

До 2021 година, кога беше затворен по враќањето во Русија, Навални имаше повеќе од шест милиони следбеници на YouTube, каде што објавуваше материјали за корупцијата во Русија, организираше политички демонстрации и ги промовираше своите кампањи.

Тој еднаш ја опиша руската владејачка партија како партија на измамници и крадци. Тој беше обвинет двапати, главно за проневера, а двата негови кривични случаи се сметаа за политички мотивирани.

Во 2016 година, Навални почна претседателска кампања за претседателските избори во 2018 година, но Централната изборна комисија на Русија му забрани да поднесе барање поради претходна кривична пресуда, а рускиот Врховен суд ја отфрли жалбата на одлуката на комисијата.

Една година потоа во документарен филм упати обвинувања против тогашниот премиер и поранешен претседател Дмитриј Медведев и го обвини за корупција. 

Во август 2020 година, тој беше хоспитализиран во тешка состојба откако ненадејно му се слоши. По притисокот од сопругата и јавноста да го префрли на лекување во Европа поради опасноста од влијанието на владата врз лекарите, тој беше евакуиран во Берлин, каде беше констатирано дека е отруен со нервниот агенс Новичок.

По враќањето во Русија во 2021 година, тој веднаш беше приведен под обвинение дека ги прекршил условите за условно ослободување додека бил хоспитализиран во Германија.

САД изразија длабока загриженост откако соборците на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални изјавија дека ниту тие ниту неговите адвокати со денови не знаат каде е Навални. 

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи