„Никој никогаш не ја оспори снимката со „Луј Витон“ ташната: Русковска вели дека Боки 13 ги однел парите од „Рекет“ дома кај неговите родители
Објавено во: Македонија 14 Октомври, 2025 12:45
Не сум ја проверувала сопственоста на телевизијата за која Боки 13 се претставуваше како сопственик бидејќи не сум имала потреба да го сторам тоа пред да почнат постапките за „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, вели поранешната шефица на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русовска во телевизиско интервју.
„Имаше билброди за таа телевизија. Што правеше полицијата тогаш, ние сме орган за прогон, не сме орган за откривање на кривични дела. Некој треба да го открие кривичното дело за да ние реагираме“, рече Русковска.
За Бојан Јовановски - Боки 13 вели дека не се движеле во исти кругови, но го гледала во кафулиња каде седеле одделно, со различни луѓе.
„За „Меѓународен сојуз“, адвокатите побараа нивни вештак да го вештачи телефонот. Судијата им дозволи, со тоа што ги предупреди дека може да го користат тоа само са потребите на судскиот процес. Максимално Бојан го злоупотреби тоа. И на поткаст кај што сум била, покажаа наводни пораки од негов телефон кои се апсолутно неточни“, посочи Русковска.
За парите од „Рекет“, вели дека снимката не била оспорена од никого - ниту од обвинителството, ниту од одбраната.
„Оштетениот Јордан Камчев донесе дискови кои беа вештачени во полиција и не може тоа да се побие никако. Снимите ги има до возилото. По вештачењето на телефонот на Боки, парите беа на една фотелја наредени, во домот на неговите родители. Имавме точно локација и време по вештачењето на телефонот. Тогаш се гледаат во домот на неговите родители, по што им се губи трагот“, вели Русковска.
Посочи дека Бојан Јовановски, чија казна затвор беше прекината за лекување, летово бил на летување во Турција, а подготвува и песни и други манифестации во моментов.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Најавувам и целосна ревизија на работата на градската администрација
Рокас: Нема напредок во однос на судските реформи и борбата против корупцијата
Акција на ОЈО ГОКК и полицијата: Се вршат претреси на повеќе локации
АРСОВСКА ОБЈАВИ ФОТОГРАФИЈА СО ЃОРЃИЕВСКИ: Mу посакувам, пред сѐ многу здравје, а потоа чесно и посветено да го води градот
Јаневска нема да му се налути на Мицкоски ако ја смени од министерската позиција





