26 Јуни, 2024
0.0284

Никола Димитров читал писма од Гоце Делчев пред денешните средби во Софија

Објавено во: Македонија 27 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Софија во рамки на Црноморската иницијатива ќе се сретне во високи политички претставници на Бугарија за да го дефинира нивниот став кон Гоце Делчев како историска личност, но и да даде придонес во изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. Синоќа во емисијата „Само Вистина“ откри дека изминатиот викенд читал оригинални писма од деецот, што најверојатно му послужиле како аргументи за подготовка пред денешното заминување во Бугарија.

Димитров веќе рече дека Македонија и Бугарија не треба да градат непријателства околу ликот и делото на Делчев, по замерките во политичките кругови кај источниот сосед дека Бугарија може да изгради негативно гледиште кон евроинтеграциите на Македонија доколку не се најде заеднички-прифатливо решение, иако веќе е потпишан договорот за добрососедство во 2017.

- Во времето на нашиот херој Гоце Делчев ние не сме имале држава и тој учествувал во еден огромен темел на нашата државност, во создавањето на политичката нација, што е многу блиску до создавањето на етничката идентификација. Изминатиот викенд најдов една архива и читав оригинални писма од Гоце Делчев што ги испраќал до Никола Малешевски и другите соборци. Тој бил неверојатен визионер и уште во тоа време во „Гоцевиот устав“ барал борба со т.н. Тиранија, а не со Османлиите. Неговото визионерство може да ни служи како мост со Бугарија, рече шефот на македонската дипломатија синоќа во телевизиското гостување.

Во меѓувреме продолжуваа преписките меѓу Македонија и Бугарија за Гоце Делчев, односно неговиот идентитет. Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски вели дека интеграцијата на Северна Македонија во НАТО и ЕУ ќе мине низ патот на признавање на вистинската историја.

За премиерот на Бугарија Бојко Борисов, Гоце Делчев е бугарски херој, кој се што имал жртвувал за слободна Македонија. Пред една недела и министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева рече дека нема да прави компромис со вистината и дека од Северна Македонија не сака ништо повеќе освен вистината. 

Комисите составени од историчари допрва треба да одлучат како заеднички ќе се чествува Делчев и што ќе пишува за него во учебниците.


Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала