23 Јуни, 2024
0.2112

Никола Димков, FX Lider: ако има немири на Крим ќе трпи целата европска економија!

Објавено во: Анализа 05 Март, 2014

Добивај вести на Viber

Руската рубља забележа огромен пад и поради тоа Руската Национална Банка ја подигна иницијаната каматна стапка од 5,5% на 7% за да ја заштити својата валута. Искрено не верувам дека Русија ќе дозволи оваа ситуација да трае предолго бидејќи ќе има негативно влијание врз нејзината економија, вели за Фактор Никола Димков експерт на компанијата FX Lider, чија специјалност е тргување на светските финансиски пазари. Со Димков разговаравме за цените на акциите на компаниите, нафтата, но и за тоа во што е најпаметно да се инвестира во вакви турбулентни времиња. Фактор Доколку кризата во Украина не стивне, какви се вашите очекувања во однос на цената на нафтата на европските, но и на светските берзи? Димков Во вчерашниот ден Нафтата се издигна на ниво над 105$ за барел . Освен другите фактори кои влијаат секојдневно, значаен беше и фактот дека Русија и постави ултиматум на Украина за Крим,  да ги повлечат своите војници или ќе започнат војна. Моментално Русија под притисок од страна на Америка ги повлече своите трупи меѓутоа тоа сеуште не значи крај на сите овие случувања. Исто така сакам да нагласам дека оваа криза влијае на цената на сите енергенси, бидејќи Украина е транзитна раскрсница, и поради тоа севкупната ситуација можно е да покажа влијание и на цената на природниот гас. Фактор Што тоа ќе значи долгорочно за вкупната економија, доколку цената се вивне нагоре? Димков Поради оваа криза не се очекува долгорочно влијание на цената на нафтата и поради тоа не би требало да има големо влијание на вкупната економија. Фактор Под силен удар се речиси сите европски компании кои имаат силни врски со Русија, очекувате ли по првичниот шок можно стабилизирање на цените, или се ќе зависи од развојот на настаните? Какви сценарија се можни? Димков Секако ќе зависи од развојот  на настаните. Руската рубља забележа огромен пад и поради тоа Руската Национална Банка ја подигна иницијаната каматна стапка од 5,5% на 7% за да ја заштити својата валута. Искрено не верувам дека Русија ќе дозволи оваа ситуација да трае предолго бидејќи ќе има негативно влијание врз нејзината економија. Полека се стабилизира ситуацијата, но сеуште нема конкретни договори за тоа што ќе се случува понатаму. Фактор Какви се очекувањата во однос на акциите и на останатите компании, се забележа релативен удар и врз банкарскиот сектор? Димков Ако продолжи оваа ситуација може да дојде до понатамошен пад на цената на акциите, кој беше забележан во вчерашниот ден. Оваа ситуација ќе има огромно влијание на акциите и на банкарскиот сектор ако дојде до немири во Крим. Мора да се следи внимателно и да се видат очекувањата од оваа ситуација. Како и да е ако оваа ситуација продолжи ќе има негативно влијание на цела економија и на акциите на одредени компании. Фактор Што би им советувале на вашите клиенти во една ваква ситуација, каде е најмудро сега да се инвестира, останува ли златото најсигурна варијанта, или можеби тргувањето со валути? Димков Во вакви ситуации најмудро е инвестирање во злато или некои други сигурни инструменти. Златото во основа се движи обратно од доларот. Златото во однос на вчерашниот ден имаше пораст меѓутоа денес како што се смирува ситуацијата почнува да се прави  корекција. Редакција Фактор

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите

ЕВЕ КОЛКУ ТРЕБА ДА ВАЖАТ ВАШИТЕ ПАСОШИ ПРЕД ДА ПАТУВАТЕ: Нема да можете да влезете во овие земји ако не ги запазите датумите