17 Октомври, 2018
0.3762
    ALK 8000.71    0.34%     CEVI 1000    0%     GRNT 800    0.4%     KMB 5084.59    1.69%     KVAS 14056    0%     MPT 45557    1.24%     MTUR 4700    0%     OHB 6349.93    0.96%     OKTA 4700    3.82%     PPIV 45000    0%     RMDEN17 96.1    0%     RZLE 20    0%     RZLV 61    1.67%     RZUS 117    2.47%     STB 1120    1.82%     STBP 1100    1.85%     STIL 127.57    0.45%     TETE 2200    0%     TNB 14294.42    2.1%     TTK 1164.45    1.13%

ИНТЕРВЈУ НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ, РЕКТОР НА УКИМ: Новиот универзитетски статут се носи транспарентно

Објавено во: Македонија 13 Јуни, 2018

Злонамерни се обвинувањата дека ректоратот вршел притисок во подготовката на новиот закон за високо образование, вели во ексклузивно интервју за Фактор, ректорот Никола Јанкуловски. Тврди дека се носи нов статут на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, но дека постапката е целосно транспарентна. Анонимни професори со писмо обвинија дека Јанкуловски сака да скрои Статут со кој му се одземаат ингеренциите на Универзитетскиот сенат, а со одредбите врши упад во законот. Законот за високо образование беше донесен минатиот месец, а Министерството за образование тврдеше дека со него се јакне професионалноста на високите образовни институции. Неговата имплементација ги става на тест заложбите на овие институции за зацврстување на нивната автономија. Јанкуловски е дециден дека ќе работат за зацврстување на ова начело.

-Веднаш по стапувањето во сила на новиот Закон за високото образование, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје започна со работни активности за негова примена. Во таа насока, согласно Законот и Статутот, е формирана работна група за изработка на текстот на Нацрт-статутот во која членуваат реномирани и афирмирани познавачи на законските акти и уставните одредби кои ги регулираат прашањата од областа на високото образование, научноистражувачката работа и уставно загарантираната автономија на Универзитетот.

Имате кратки рокови за сите постапки...

-Точно. Постапката за донесување на Статутот започна неодамна и ќе се одвива по забрзана, но вообичаена процедура во работењето на УКИМ, имајќи ги предвид при тоа кратките рокови за имплементација на одредбите од новиот Закон за високото образование и, секако, претстојните летни одмори на членовите во органите и телата на УКИМ и на целата академска заедница на УКИМ. Планираме до крајот на овој месец да финализираме со првата фаза на имплементација на новиот закон.

ПЛАСИРААТ НЕВИСТИНИ

Како точно ќе се одвива оваа постапка?

-Во отворена, демократска процедура карактеристична единствено само за академските средини како УКИМ – со единствена целза квалитет во сите пори на работата и фукционирањето.Постапката за изготвување и донесување на Статутот се води по претходно пропишана процедура, согласно членовите 171 до 173 од Статутот. Наставно-научните совети, Ректорската управа и Универзитетскиот сенат се изјаснуваат во текот на јавната расправа по Нацрт-статутот, што значи дека процедурата е транспарентна и во неа е вклучена целата академска заедница на УКИМ, што е спротивно на тврдењата на одредени портали.

Да, некои анонимни членови на академската заедница јавно ве обвинија за нетранспарентност во носењето на Статутот

-Најодговорно тврдам дека станува збор за целосна невистина и создавање на крива слика пред пошироката јавност. Со деканите се одржани работни состаноци во 3 групи на кои им беа презентирани новините во законот, а следствено со тоа и новините во Статутот. Исто така, се одржа и вонредна седница на ректорската управа која секако заврши без гласање и тоа на мое барање. Седницата заврши без гласање затоа што не сакав да ги доведам деканите во непријатна ситуација. Тие заради кратките рокови немаа можност добро да го проучат Нацрт-статутот, па побарав да ги достават своите забелешки, предлози или дополнувања преку своите единици. На вонредната седница на Ректорската управа всушност започна дебатата, односно јавната расправа за Статутот.

Се тврди дека со новиот статут му ги одземате ингеренциите на претседателот на Универзитетскиот сенат?

-Не е точен наводот дека на претседателот на Сенат со Статутот му се одземаат сите ингеренции. Демократското одлучување на Универзитетот со примена на принципите на инклузивност, односно со вклучување на комисиите на УКИМ и Ректорската управа за секое прашање било од секогаш пракса на УКИМ и сметам дека овој демократски академски тренд треба да продолжи и во иднина. Вклучувањето на поголем број органи, тела во одлучувањето значи поголема транспарентност, стручност, компетентност, децентрализација на моќ и на ректорот и на претседателот на Сенат, а не одземање ингеренции на претседателот на Сенат.

ПОГОЛЕМА АВТОНОМИЈА

Ве обвинуваат и за притисоци при изготвувањето на Законот за високото образование?

-Тоа се злонамерни обвинувања. Точно е дека УКИМ изготви предлози како да бидат решени значајни прашања и истите ги достави до Министерството за образование и наукаво текот на процесот на изготвувањето на новиот Законот.  Голем дел од Предлозите на УКИМ беа прифатени, посебно ќе ги истакнам оние кои значат автономија на универзитетите односно надлежностите на Националниот совет, структурата на Одборот за акредитација и Одборот за евалуација, евиденциите и слично

Веројатно има тензија. Ќе успее ли акадамската заедница да се усогласи?

-Неколку пати досега, на моите јавни обраќања пред универзитетската јавност сум го кажал овој апел – апел за конструктивна соработка. Би го искористил ова интервју да го повторам. Како ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со добра мисла и добра намера,  ја повикувам целата академска заедница на УКИМ на конструктивна соработка во започната отворена демократска процедура на донесување на новиот Статут на УКИМ. Нашите познавања, искуства, време и енергија да ги насочиме во подготовката на овој значаен документ за работата и функционирањето на Универзитетот и единиците во негов состав. Со заеднички сили да го направиме УКИМ уште подобар и поквалитетен. Само со демократски дух водени од заедничките, а не од поединечните цели и интереси, ќе продолжиме да предничиме како водечки, најдобар и најголем универзитет во државата.

A.T.

Можеби ќе ве интересира

Преспанскиот договор му пресуди: Коѕијас даде оставка

Преспанскиот договор му пресуди: Коѕијас даде оставка

Владата не е информирана за затворањето на „Македонско село“

Владата не е информирана за затворањето на „Македонско село“

Нова стратегија: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дискутираат?

Нова стратегија: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да дискутираат?

Никола Димитров: Предлозите на Панчо Минов вредат да се разгледаат

Никола Димитров: Предлозите на Панчо Минов вредат да се разгледаат

Обвинителството го гони Тони Михајловски за закана со убиство

Обвинителството го гони Тони Михајловски за закана со убиство

Уште 35 пратеници за збор па гласање за уставни измени

Уште 35 пратеници за збор па гласање за уставни измени

Комплексот Македонско село става клуч на вратите

Комплексот Македонско село става клуч на вратите

Мал број пријавени за да вдомат куче-скитник, нивните „права“ се бранат само на Фејсбук

Мал број пријавени за да вдомат куче-скитник, нивните „права“ се бранат само на Фејсбук

За прв пат во Македонија четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца

За прв пат во Македонија четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца