Николиќ: Кој знае што им се случува на бегалците во Бугарија!
Објавено во: Балкан 09 Септември, 2015 10:55
„Слушнав дека овие луѓе (бегалците) откако ќе поминат низ планините помеѓу Бугарија и Србија, велат: „Само не не враќајте во Бугарија!“ Кој знае што се случува таму со нив, во оваа демократска земја, членка на ЕУ, откако тие реагираат така“. Тоа, го изјавил претседателот на Србија Томислав Николиќ во интервјуто објавено на сајтот на новинската агенција и радио „Спутник“.
„Ние не можеме да го решиме овој проблем, ќе имаме големи проблеми, но ќе се обидеме условите кај нас да не бидат човечки“, додал Николиќ.
Зборувајќи за бегалците воопшто, српскиот претседател изјавил: „Зошто ние поради тоа треба да ги трпиме последиците, откако 90% од нив сакаат „да отидат“ во само четири земји од Европа? И овие земји имаат во музеите диносауруси и мамути. Тоа не било ископување на територијата на нивната земја, како ние да најдовме диносаурус во Костолац. Не, тие го грабнале сето ова, им се допаднало и убивале поради тоа. И народот тргнал за своето богатство“, објаснува Николиќ.
„Ќе беше подобро таму да им изградат фабрики и тие да сакаат да останат во својата земја и да живеат подобро. Така ќе најдат начин да се населат во Европа. Србија не е нивната желба, бидејќи ако останат во Србија, нема да ја постигнат својата целта со која тргнале“, додал српскиот претседател.
Томислав Николиќ изјавил исто така дека за Западот е подобро да соработува со Русија, бидејќи играјќи си со нејзините вредности и гордост, си игра со светскиот мир и безбедност. „Многу подобро ќе е да соработуваат со Путин, бидејќи тој може да го среди светот отколку сите да се караат со него, бидејќи тоа може да го уништи светот“, изјавил Николиќ, цитиран на сајтот на српскиот весник „Блиц“.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




