19 Декември, 2025
0.0326

Николиќ: Србија заслужува да влезе во ЕУ

Објавено во: Балкан 14 Јули, 2015 19:18

Добивај вести на Viber

Србија има направено многу напори за стабилизирање на ситуацијата во регионот и нема да се откаже од овој ангажман.

Ова го изјавил претседателот Томислав Николиќ на средбата со Викторија Нуланд, помошник државен секретар на САД. Таа е во посета на Белград.

Николиќ додал дека „Србија дејствува одговорно за иднината на регионот“, а одделни „спорадични провокации од нашите соседи ние не ги гледаме како нашата слабост“.

Србија има инвестирано многу напор за намалување на тензиите во Балканот, како и за реформирање на земјата во последните неколку години и секако заслужува да биде примена како полноправна членка на ЕУ, истакнал Николиќ, цитиран од претседателската прес служба.

САД ја поддржуваат Србија на нејзиниот пат кон европската интеграција и се подготвени да помогнат во овој поглед, изјавила за возврат Нуланд.

Партнерството меѓу нашите две земји се засилува нашите заеднички напори и за Америка е многу интересно да се види Србија во семејството на европските нации, изјавила таа. Таа го поздравила напредокот на Србија и за модернизацијата на земјата преку реформи.

Нуланд се сретна и со српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој е актуелен претседавач на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Таа разговарала со него за решавање на украинската криза. Американската дипломатка уверила дека Србија има целосна поддршка од САД, во обид да се воспостави мир во Украина.

Дачиќ истакнал дека за Србија и за него лично, како претседавач со ОБСЕ, приоритет останува изнаоѓање на прифатливо решение, воспоставувањето на мирот и прогресивно нормализирање на ситуацијата преку дијалог во рамките на ОБСЕ. „Ние се обидуваме со поддршка на меѓународни партнери да се обезбеди почитување на прекинот на огнот и напредокот во политичките преговори за излез од кризата“, изјавил Дачиќ.

Викторија Нуланд ќе се сретне денеска и со премиерот Александар Вучиќ, кој најавил однапред пред новинарите дека на разговорот ќе бидат погодени сите важни прашања на регионалната стабилност, енергетскиот сектор, како и билатерални теми.

Нуланд е на турнеја во земјите од Западен Балкан, таа веќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Македонија, и претстои и посета на Црна Гора.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен