28 Јуни, 2024
0.0279

Николоски: Ништо од црвените линии не е испочитувано

Објавено во: Македонија 29 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Новата декларација на Комисијата за надворешни работи на Бугарското собрание е најдобар доказ дека бугарските барања немаат крај, а клучниот проблем е што нашата Влада не ја почитува Декларацијата изгласана во македонскиот Парламент каде се исцртуваат македонските црвени линии, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

- Прво, овие најнови активности на Бугарското народно собрание одат во потврда на тезата дека бугарските барања немаат крај. Второ, она кое што многу загрижува е што македонското Собрание донесе Декларација во која што беа испишани таканаречените црвени линии кои Владата треба да ги почитува во односите помеѓу Македонија и Бугарија. Ништо од овие црвени линии не е испочитувано. И клучното прашање не е зошто Бугарија носи декларации, тие може да си носат какви сакаат декларации, клучното прашање е зошто тие документи кои што македонското Собрание ги усвојува и се обврзни, не се почитуваат од Владата на СДСМ и ДУИ - нагласи Николоски во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат власта да ги испита наводите дека здруженија, фондации, поединци и  странски агентури се вмешани во провокациите кон земјава и да го истражи финансирањето на бугарските клубови, а Бугарија да ги почитува пресудите од Стразбур.

– Македонските институции мора да се спротистават на отворената кампања против Македонија. Финансиските институции на власта да го проверат финансирањето на дел од овие здруженија и внесот на странски пари и потеклото на тие пати со кои што овие здруженија во државата тераат антимакедонска политика. Бараме Владата и министерот за надворешни работи да се заинтересираат за делувањето, целта и постоењето на бугарско здружение во Корча, соседна Албанија каде што во целата област живее мнозинско македонско население. Бараме македонската влада да побара доследно спроведување на пресудите добиени во Судот за човекови права во Стразбур во насока на заштита и признавање на засебноста на Македонците во Бугарија - потенцира Николоски.

Отсуството на државна стратегија, според Николоски, не довело до точка на студена војна со Бугарија

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Невреме повторно ја зафати Македонија, оштетени покриви, автомобили, навалени бандери, паднати дрвја

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

СРПСКИ МЕДИУМИ: Претседателката на Северна Македонија ги поддржува евроатлантските аспирации на Косово

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

(ВИДЕО) ПАДНАТО ДРВО И НА ПАРТИЗАНСКА: Од ЦУК информираат за поплавени куќи, подруми, гаражи

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

ГЛАВЧЕВ РЕАГИРА ДЕКА НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ: Бугарија и Грција ќе се координираат за мерки кон Македонија?

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ФОТО+ВИДЕО) ПО НЕВРЕМЕТО КОЕ ГО ЗАФАТИ СКОПЈЕ: Проверете си ги гаражите, има и соборени дрвја

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

(ВИДЕО) ПОВТОРНО НЕВРЕМЕ: Дожд и град во Скопје

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

СПАСЕН Е ТУРИСТ: Паднал во тешко пристапен терен во Охрид

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

JOTOВА ДО МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Сакаме да бидеме добри соседи, но да го почитуваме нашето заедничко културно наследство

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“

„Стоиме на располагање на сите надлежни институции за секаков вид проверки“: Рустеми бара „да се остави настрана од дневно политички агенди“