Николоски: Ја пријавив Бугарија дека не сака да ја гради железницата
Објавено во: Економија 14 Март, 2025 13:10
Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека ја пријавил Бугарија во европските политички и финансиски институции, по нејзината одлука да ги пренамени средствата за изградба на железничкото поврзување со Македонија.
- Ние остануваме силно посветени на изградба на Коридор 8 и активно се работи на фазата Белаковце - Крива Паланка, а посветени сме и на дијалог за техничко решение за тунелот на третата секција. Тоа е НАТО коридор, втор најзначаен за НАТП, но со жалење ја примам информацијата која стигна вчера, а која е официјален документ во кој Бугарија ги пренамени средствата за реконструкција на пругата од Софија - Перник - Радомир дза изградба на пруга од Софија до Бургас и со тоа испраќаат порака за непосветеност на коридор 8 и целата пропаганда која беше водена против владата дека имае нешто против Бугарија, дека не сакаме да се поврзуваме, на крај како вистината излезе на површината.
Испратив писма до Европската делегација и Транспортна заедница, до ЕБОР и ЕИБ дека Македонија има потпишано договори за кредит и треба да плаќаме резервации ако не ги користиме 350-те милиони евра од договорот за кредит,а тие не би се користеле не заради нас, туку поради другата држава и ги информирав за оваа работа, рече Николсоки, кој присуствуваше на настан во Ѓорче Петров.
Министерот додаде дека на 7 март испратил формално писмо преку МНР до бугарското министерство за транспорт и бугарската влада дека од македонската страна е формирана работна група на највиспко ниво и дека се очекува посветеност и од Бугарија за железничко поврзување на Скопје и Софија.
Николоски рече дека во моментов од Бугарија нема активни проекти и нема финансирање, а времето наместо за договор се троши за пропаганда.
- Втората фаза ќе ја завршиме сигурно, а третата има смисла само ако се поврземе со Бугарија и за тоа мора да има договор, изјави тој.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




