17 Декември, 2025
0.1683

Николоски: Министрите работат по четири, а директорите само по два часа

Објавено во: Македонија 09 Мај, 2018 10:48

Добивај вести на Viber

Александар Николоски, функционерот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во Собранието на РМ, во своето интервју за „Курир“ за македонската економија вели дека актуелните министри во Владата и директорите на јавните претпријатија работат по четири, односно по два часа.

- Министрите во владава работат од 10 до 14 часот, а дуректорите од 12 до 14. Со два или четири часа работа не се постигнува резултат. Како резултат на тоа доаѓаат и концепциските проблеми кои не знаат во која насока да ја движат работата, се измислуваат ад-хок решенија. На пример, едно ад-хок решение за полнење на буџетот беше зголемување на акцизата на дизел горивата и филозофијата на Владата беше дека доколку се зголеми акцизата на дизел горивата, ќе се зголеми приходот во буџетот, според нивна проценка за 35 милиони евра и на тој начин ќе имаат дополнителни приходи. Во реалноста се случува токму спротивното, односно кога вие зголемувате цена на нешто или зголемувате даноци или давачки автоматски паѓа потрошувачката затоа што тоа не можат да си го дозволат ниту граѓаните ниту компаниите и имате уште помал приход од оној кој што сте го планирале, рече Николоски.

. Вели дека владата на Заев направи двојни грешки во водењето на економската политика  -структурни и човечки.

- Во однос на човечките, во држава како Македонија која е мал пазар и мала по население, секогаш главниот двигател на економијата е буџетот, односно кога ја стимулирате преку буџетот јавната потрошувачка, во тој случај економијата би се движела подобро. За да го направите тоа треба да имате силни фигури на раководните позиции во Владата кои што можат да го движат тоа. Ние, за жал, такви не гледаме. Имаме два типа, едни се од типот на господинот Кочо Анѓушев, бизнисмени кои влегоа во Владата  за да си го подобрат бизнисот или да ги наплатат обврските кон одредени банки кои што ги имале во минатото како бизнисмени. Вториот тип е како министерот за финансии кои никогаш немале допир со реалната економија, кои доаѓаат од еден академски свет и не знаат што да прават. Заеднички и за едните и за другиве е што не работат - смета тој.

Можеби ќе ве интересира

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!

Од Католички Божиќ и за Нова година надоаѓање на вистинската зима?!