18 Декември, 2025
0.2905

Николоски: Побарав од мобилните оператори да ги намалат цените, тие ги зголемија

Објавено во: Економија 24 Октомври, 2024 22:30

Добивај вести на Viber

Министерот за транспорт Александар Николовски вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека двата големи мобилни оператори ги зголемиле цените на услугите откако побарал од нив да направат намалување.

- Побарав, и ги зголемија. Еве гледам воведоа нови пакети од 5.100 денари. Се посериозно размислуваме за распишување на тендерот за нов мобилен оператор. Ова што го гледаме е ограбување на народот и тие не се натпреваруваат меѓу себе. Дури има згради каде што можете да добиете кабелска телевизија само од еден оператор. Знам дека тие не се среќни и сакаат да ме компромитираат, но сметките сите ги гледаат, рече Николоски.

Тој ги искритикува големите мобилни оператори дека не се општествено одговорни и дека наместо да ги даваат донациите за реални потреби, финансираат промотивни настани како концерти. 

- Од Охрид за Скопје на пола пат нема мрежа, еве јавете се ќе видите, додаде Николоски и кажа дека нема рок до кога ќе се распише повикот за трет голем мобилен оператор. Тој рече дека ќе се даде време да се јави интерес и кај уште некоја страна а не само кај унгарскиот 4ИГ.


Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?