05 Декември, 2025
0.0344

Николовски: Членството НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и подобра благосостојба на животните

Објавено во: Агробизнис 24 Септември, 2018 11:08

Добивај вести на Viber

Ветеринарната медицина како дисциплина има големо значење за здравствената заштита на животните и безбедноста на храната, затоа и  Министерство за земјоделство,шумарство и водостопанство во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, интензивно работи на подобрување на благосостојбата на животните ни обезбедување на безбедна храна на граѓаните, истакна министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски кој присуствуваше на 5-ти состанок на Меѓународниот Конгрес на групацијата ,,Вет-Истанбулска група“ и  8-миот Меѓународен научен собир "Денови на ветеринарна медицина 2018" кој се одржа вчера во Охрид.

Николовски посочи дека во исполнувањето на сите цели за развој на ветеринарната медицина, од исклучително значење е учеството на науката и на Факултетот за ветеринарна медицина, како институција чии што експертски ставови имаат важна улога во креирањето на идните политики за заштита на  здравјето на животните, благосостојбата и репродукцијата на животните, како и јавното здравје и безбедноста на храната.

„Признание за мерките во делот на ветеринарната медицина, добивме и од Европската комисија на последната меѓународна конференција за  „Прекугранични болести кај животните во Европа“, што неодамна се одржа во Брисел. Европската комисија, ја пофали Македонија за мерките кои што ги преземаме и кои во најголем дел се усогласени со европските регулативи. Посебно признание како држава добивме за начинот на спроведувањето, заштитата но и за применетите политики при појавата на болеста јазлеста кожа во 2017 година, што за нас претставува доказ дека се движиме по вистинскиот пат. Македонија, веќе има воспоставено систем за  информирање и брзо откривање, односно воведени се мониторинг програми за детекција на овие болести, обуки со одгледувачите и издадени се прирачници за јавноста“, изјави министерот Николовски.

При тоа, Николовски потенцираше дека овој период кога државата се наоѓа на чекор до членството во НАТО и ЕУ, заедно со АХВ интензивно се работие на усогласување со ЕУ регулативи од оваа област, а влезот во НАТО и ЕУ ќе значи уште поголема сигурност во делот на безбедноста на храната за луѓето и благосостојбата на животните.

На конференцијата беше присутен и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, кој ги презентираше активностите што АХВ ги презема во областа на ветеринарната медицина. Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Лазо Пендовски,ги презентираше наушните истржувања и проектите на кој работи факултетот, а кој што во голема мерка влиаат врз унапредување на ветеринарната медицина. Оваа година на конференцијата присустваа и многу странски експерти, кои ги презентираа своите научни трудови во оваа област. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?