05 Декември, 2025
0.0370

Николовски: Ја подобруваме бизнис климата во агро-секторот, 2019-та ќе биде година на економијата

Објавено во: Агробизнис 28 Ноември, 2018 16:13

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со директорите на Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски, и на Државниот инспекторат за земјоделство Благој Индов, на покана на претседателот на Регионалната  стопанска комора од Кавадарци, Никола Наумов, оддржаа работен состанок со бизнис заедницата од тиквешијата. На состанокот, присуствуваа претставници од винариите, откупните центри и земјоделските стопанства.

Министерот Николовски, посочи дека лозарството е стратешка гранка, и оваа Влада посветено работи на поттикнување за зголемување на површините. Николовски, информираше дека исплатени се речиси сите заостанати субвенции од 2013- та до 2016- та како и по програмата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2017- та. Но, ги извести бизнисмените дека се подготвува и „Нов модел за субвенционирање“,  за кои што преку Проект од ЕУ е направена анализа.

Николовски ги информираше бизнисмените дека во наредните денови ќе биде објавен нов повик за ИПАРД 2. Годинава како што истакна ќе бидат обезбедени 2,5 пати повеќе средства од Буџетот за кофинансирање на проектите од ИПАРД 2 Програмата.

„Како Влада и ресорно министерство работиме на создавање на поволни бизнис услови за компаниите од агро – секторот. Во тој контекст ве информирам дека во наредниот период ќе биде објавен вториот Повик од ИПАРД 2 програмата Мерка 3 „Инвестиции во преработувачки капацитети“.  Со оваа мерка ќе се овозможат нови инвестици во преработувачка индустрија, создавање на производи со додадена вредност што пак ќе влијае  и врз пласманот на земјоделските производи. Паралелно, посветено работиме на реализација на капитални инвестиции во водостопанството за што во новиот буџет на МЗШВ, се издвоени околу 428 милиони денари или 290 милиони денари од годинава.  Во насока на создавање на поволна бизниск клима, работиме на измена на неколку закони  како Закон за земјоделско земјиште, Закон за советодавни услуги, нови огласи доделување под концесија за нератрактивно земјиште и за инвеститори“ – порача министерот Николовски.

На состанокот беа презентирани мерките и политиките кои ги презема МЗШВ, во делот на овоштарството, лозарството и другите култури. Бизнисмените се интересираа за ИПАРД Ипард програмата, за дел од постоечките мерки од Програмата за дирекни плаќања и за Новиот модел на субвенционирање.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?