Николовски: Се подготвуваат мерки за поддршка на производителите на ориз
Објавено во: Агробизнис 29 Септември, 2018
Министерот за земјоделство,шумарство
и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со амбасадорот на Делегацијата на
Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска присуствуваа на
традиционалната манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“.
Министерот Николовски посочи дека денешната посета на Кочани ќе ја искористи и
за средби со производителите на ориз, да се слушнат нивните ставови и предлози
во врска со откупот и откупната цена на оризот. При тоа, Николовски најави дека
на следната седница на Владата на република Македонија, како за јаболката, така
и за оризот ќе бидат донесени пакет мерки за поддршка на производителите на
ориз, со цел да имаат рентабилно производство и да има стабилен откуп и цени.
„Со денешното официјално зажнејување и официјално ја започнуваме годинешната жетва на оризот. Изминатите години кај оризот имавме стагнација во поглед на вложувањата од страна на државата, како и воведувањето на нови сорти. Ние, уште првата година од мандатот го поддржавме домашното земјоделско производство со линеарно зголемување на субвенциите за 10%, а кај оризот зголемувањето беше и до 300% каде. И оваа година ја следиме состојбата со движењето на цените на пазарот како на домашниот така и на светскиот пазар, одржавме повеќе состаноци со производителите и со откупувачите на ориз. Од тука од Кочани најавувам дека на следната владина седница ќе донесеме мерки за поддршка на оваа култура, за да го направиме и ова производство порентабилно“, порача министерот Николовски.
Воедно Николовски, потенцираше дека очанскиот ориз е изграден и препознатлив бренд од Македонија пошироко во регионот, по својот квалитет и своите карактеристични својства, но на пазарот се соочува со се поголема конкуренција од другите држави како Турција и Италија. Затоа, Николовски најави дека со Програмата за рурален развој за 2019 година, ќе има финансиска поддршка за реконструкција и инвестиции во опрема во Институтот за ориз во Кочани, кој претставува база за развој и модернизирање на производството на ориз преку воведување на нови сорти на ориз кои барани на странските пазари. Годинава се меѓу 2.600-3.500 хектари се засеани со ориз, и се очекува 15.000 тони оризова арпа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.