02 Декември, 2024
0.0249

Николовски: Со УХМР активно работиме на подобрување на метеоролошкиот систем во државата

Објавено во: Агробизнис 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска учествуваше на информативните денови на Европската организација за експлоатација на метеоролошките сателити „ЕУМЕТСАТ“, за земјите од западен Балкан. На конфренцијата беа презентирани можностите за користење на сателитските метеоролошки податоци од страна на националните метеоролошки служби.

Министерот Николовски презентираше состојбите со влијанието на климатските промени врз земјоделското производство како и мерките кои МЗШВ заедно Управата за хидрометеоролошки работи  ги преземаат за намалување на негативното влијание на временските непогоди врз земјоделството.

„Во текот на изминатите години бевме сведоци на поинтензивни поплави, при што најголемите реки како Вардар, Црна Река, Струмица, Треска, Пчиња, Лепенеци Брегалница, поплавуваа големи површини земјиште и предизвикуваа огромни штети во земјоделството производство и диркетно на земјодеците. Силните врнежи од дожд во јануари и февруари 2015 година резултираа со зголемување на нивото на реките, што доведе до големи поплави во 43 од вкупно 83 општини“, изјави Николовски.

Директорот на Управата за хидрометеоролошки работи, Ивица Тодоровски, посочи дека УХМР и МЗШВ како домаќини на овој настан ја потврдуваат заложбата за понатамошно унапредување на оперативната работа на Управата, овој пат со можноста за примена на најсовремени сателитски мерења и продукти кои ги презентираше ЕУМЕТСАТ.

МЗШВ преку редовно информирање  од системите за рано предупредување може да предупреди за евентуалните непогоди кои може штетно да влијаат на земјоделието. Успешното справување со ризиците бара инвестирање по последните и најнови технолошки остварувања. МЗШВ во насока на намалување на ефектите од поплави и други временски неприлики активно работи на подобрување на метеоролошкиот систем во државата. Во таа насока  неодамна УХМР потпиша Меморандум за соработка со Програмата за развој на Обединетите Нации чија што цел е да се реактивира и надгради системот на метеоролошки и хидролошки станици , да се изврши обнова  на постоечките станици и да се воведат нови локации за мониторинг. Минатата година беа реновирани 3 меторолошки станици во Демир Капија,  Крива Паланка и во Штип. Дополнително  по 4 години минатата година заврши надградбата на радарскиот систем  Ѓуриште преку кој се овозможува квалитетен радарски мониторинг и навремено најавување  на опасни временски појави. За оваа година МЗШВ обезбеди 3 милиони денари за реновирање на метеоролошките станици во Виница, Берово, Пожаране, Лазарополе, Охрид и Претор. Паралелно МЗШВ работи на нов модел за зголемување на осигурувањето во земјоделското производство, а преку мерките од ИПАРД програмата се овозможува кофинансирање на трошоците за набавка на заштини мрежи од град.

На денешната конференција присутвуваше и министерот во Владата на Република Северна Македонија задолжен за привлекување странски инвестиции, Зоран Шапуриќ, директорот во Европската организација за експлоатација на метеоролошки сателити- ЕУМЕТСАТ, Ливио Мастроди,  претставникот на Светската Метеоролошка Организација,  Тошијуки Курино, директори и претставници од националните хидрометеоролошки служби од регионот. Конференцијата ќе се одржува денеска и утре.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.