Николовски вети соодветни мерки за помош на производителите на пченица и јачмен
Објавено во: Агробизнис 12 Јули, 2017 14:05
Министерот Николовски порача дека детално ќе се разгледаат сите барања на земјоделците и во најскоро време ќе се донесат соодветни мерки кои ќе дадат најдобар ефект и ќе им бидат од помош на производителите на пченица и јачмен, но и мерки кои ќе можат најбрзо да се реализираат. Преземените мерки ќе зависат од состојбата на терен.
Според податоците засеани се 76.400 хектари пченица, од кои се очекува производство од 170.000 до 190.000 тони. Во земјава има 63 регистрирани откупувачи.
Според информациите од терен, состојбата со приносите од пченица во секој регион е различна. Жетвата е при крај и според првичните информации, најниски приноси има во североисточниот регион од 1.000 до 1.500 килограм од хектар. Министерството за земјоделство е во постојан контакт и со откупувачите на пченица со цел да се најде усогласување на разликите во откупната цена што ја бараат земјоделците и таа што ја нудат откупувачите.
Министерот Николовски порача дека Владата на Република Македонија воведува сериозна практика за грижа на земјоделците која ќе биде континуирана во делот на мерките за помош и во однос на субвенциите, секогаш кога тоа ќе биде потребно. Мерките што за оваа намена ќе бидат предвидени, секогаш итно ќе се имплементираат за да не се предизвикуваат дополнителни последици за земјоделците.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





