Никовски: Кризата во Украина требаше да ја искористиме за наш прием во НАТО
Објавено во: Анализа
12 Август, 2014 11:50
Добивај вести на Viber
Каде е Македонија во судирот меѓу Русија и Западот? Може ли Македонија да искористи од отворениот судир на релација Вашингтон и Брисел - Москва? Фактор во рамките на анализата на експертските ставови „Досие: Македонија помеѓу Русија и Америка“ разговараше со поранешниот амбасадор Ристо Никовски.
„Прво судирoт меѓу Русија и Америка е долготраен. Практично започна нова студена војна која најмногу ќе ја погоди Европа.
Второ, Македонија е премногу врзана и тоа сосема некритички со САД и малку прави на диверзификација на својата меѓународна соработка.
Трето, во дадените услови ништо не беше преземено од наша страна за да се искористи кризата во Украина за забрзување на нашиот прием во НАТО. Мораше да се преземат енергични чекори кон Русија за да се освести Западот дека Македонија не е ништо гарантирано за нив.
Четврто, на економски план по санкциите од двете страни исто така мора да се превземат сериозни чекори за да добиеме макар мал дел од колачот на рускиот увоз на прехрамбени производи. Не гледам дека такво нешто се реализира“, вели Никовски.
И.М.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени