Нимиц: Топло ја поздравувам најавата на Ципрас и Заев за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение
Објавено во: Македонија 12 Јуни, 2018 19:47
Топло ја поздравувам најавата на премиерите Ципрас и Заев за изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името, изјави во првичната реакција посредникот на ОН, Метју Нимиц.
Би сакал да им честитам на партиите за успешно завршување на разговорите за решавање на разликата меѓу нив, вели тој.
„Не се сомневам дека овој договор ќе доведе до период на подобрени односи меѓу двете соседни земји, а особено меѓу нивните граѓани. Охрабрен сум од посветеноста на двете влади да обезбедат взаемна корист за сите свои граѓани преку воспоставување на стратешко партнерство како основа за интензивирана соработка во сите области. Ја имам честа да бидам олеснувач помеѓу двете страни и сакам да му оддадам признание на генералниот секретар за неговата непоколеблива поддршка и сериозен интерес и на другите колеги во Обединетите нации за нивниот драгоцен придонес во решавањето на овој проблем. Исто така, би сакал да го споменам мојот претходник, покојниот Сајрус Венс, чија сериозна работа на Балканот трајно придонесе за мирот во регионот“- вели Нимиц.
Пред сè, сакам да им честитам и да им се заблагодарам на министрите за надворешни работи, Димитров и Коѕијас, кои покажаа лидерство, визија и решителност во преговарачкиот процес и никогаш не се повлекоа во нивните напори да постигнат заемно корисно решение како за сопствената нација, така и за поширокиот регион“, се вели во писмената изјава на Нимиц.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




