16 Јануари, 2025
0.0296

До каде е владиниот фонд за инвестиции? Фирмите очајно чекаат пари за развој и иновации!

Објавено во: Економија 10 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Нема реализација на најавениот Фонд за иновации и технолошки развој  кој Владата го најави за почетокот на годинава. Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој е член на владиниот комитет за иновации и претприемништво, не сакаше да даде подетални информации на оваа тема, иако владиниот портпарол при крајот на минатата година најави подготовка на нов Закон за иновации кој ќе ги дефинира сите детали. Во Стопанската комора велат дека поддржуваат секакви идеи во насока на развој на бизнис секторот, но не се информирани околу деталите за функционирање на фондот. „Се уште не сме информирани кога ќе се реализира тој инвестициски фонд, но секогаш поддржуваме идеи кои го помагаат бизнис секторот“, велат во комората. Според досегашните најави, фондот за иновации и инвестиции ќе биде „тежок“ 120 илјади евра буџетски пари а ќе им обезбедува техничка помош и консултанстски услуги на новоосновани и веќе постоечки фирми да ги зголемат инвестициите во иновациите. Фондот директно ќе финансира истражувачки и иновациски проекти на претпријатијата, а ќе помага и формирање универзитетски „спин оф“ компании основани од страна на студенти, научни работници и претприемачи-инвеститори. Се уште се подготвува Законот за иновациска дејност За тоа како ќе функционира Фондот, владиниот портпарол при крај на минатата година најави дека ќе се донесе нов Закон за иновации и претприемништво кој треба да ги дефинира сите детали. Иако во февруари начелно беше презентирана основата на Законот за иновациска дејност, неговата содржина се уште е во подготовка. Според најавите, во првата година од формирање, фондот ќе се наполни од централниот буџет, а од 2014 година, покрај владиното финансирање, фондот ќе обезбедува пари и од странски извори, пред се ИПА програмата за индустриска политика каде се предвидени средства за финансирање на трансфер на технологии и иновации,  и средства од Светската банка која почнува нов проект за подобрување на вештини, преку кој може да се обезбедат средства за фондот и за градење капацитети. „Во првата година предвидено е Фондот да доделува грантови за start-up и иновации до 10.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до 30.000 евра, еквити и мезанин инвестиции до 80.000 евра и средства за техничка помош. По приклучувањето на средствата од Светска Банка и ИПА Индустриска политика, ќе се зголемат расположливите износи на постоечките инструменти, а ќе бидат воведени и нови грантови за старт-уп и иновации до 20.000 евра, грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации до 50.000 евра, еквити и мезанин инвестиции до 150.000 евра, поддршка на спин-оф компании до 30.000 евра, грантови за трансфер на технологии до 50.000 евра и средства за техничка помош“, појасни Александар Ѓорѓиев, портпаролот на Владата. С.Н.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја