Добивај вести на Viber
Зошто да вложите во банка за ниска камата, кога можете да остварите поголеми приноси на долг рок вложувајќи во хартии од вредност од реномирани компании, и долгорочно да го зголемите вашиот капитал. Зошто да не сакате повеќе за себе и најблиските!
А вложувајќи преку реномираниот КД Инвестициски фонд во акции од реномираните топ светски брендови
http://www.kdfondovi.mk/index.php?subpageid=2689 реално е да се очекуваат натпросечни приноси. Просечниот годишен принос од вложување во акции од 1926 до 2010 година е помеѓу 10 и 12%. На пример, компанијата Coca Cola исплаќа дивиденда уште од далечната 1920 година, а исплатениот износ константно го зголемува во последните 50 години. Согледано на подолгорочен период, „ТОП БРЕНДОВИТЕ“ имаат стабилен или забрзан раст на приходите од дејноста и соодветно на тоа и повисока реализирана добивка. Овие компании и во услови на криза остваруваат натпросечни приноси.
За споредба, според последните податоци, кои се објавени на официјалните интернет страни на големите банки во Република Македонија, просечната каматна стапка за орочен депозит во денари на година дена изнесува околу 1,7%. Падот на каматните стапки е континуиран уште од крајот 2009 година кога каматната стапка на депозитите орочени на една година изнесуваше речиси 10%. Неизвесно е дали во наредниов период ќе има раст на каматите на депозитите, но дури и да го има тоа ќе биде нешто симболично.
Просечната инфлација на светско ниво на долгорочен период е речиси 3% годишно, што значи дека штедењето во депозити со каматна стапка пониска од 2%, не ни помага да се справиме со обезвреднувањето на нашите пари низ времето. Токму поради тоа треба да се вложува во акциски фондови.
А тајната кон добивање долгорочно богатсвто според најбогатиот светски инвеститор Ворен Бафет – е во мало но континурано вложување, редовно секој месец во акциски фонд и тоа да се прави во следните 10, 20, па и 30 години. Ништо не се добива одеднаш!
За да дознаете повеќе за тоа како да вложувате во акциски фондови, почнувајќи со минимални износи од 500 денари месечно, разгледајте го
Програмиран план, на КД Инвестициски фонд кој е специјално подготвен за оваа намена.
Така што ако на долгорочен план сакате да го зголемите приносот на Вашите пари, а притоа соодветно да се заштитите од економски кризи, обезвреднување поради инфлација, како и можна девалвација на денарот, треба да се стремите кон балансирана распределба на вложувањата во различни финансиски инструменти и валути, вклучително и акции од меѓународни корпорации. Најлесниот начин да го постигнете соодветниот сооднос е да искористите веќе подготвено портфолио, односно да вложувате преку инвестициски фонд.
Вложувањето во акции, односно акциски фондови дефинитивно долгорочно обезбедува добар поврат на вложените пари! КД Инвестициски фонд има десетгодишна историја на зголемување на капиталот на своите клиенти, пласирајќи ги нивните средства во хартии од вредност од кои континуирано добиваат дивиденда, па дури и во кризни периоди да се обезбедуваат натпросечни приноси.
комерцијален текст