Добивај вести на Viber
Вол Стрит Џурнал е големиот дијамант на круната на Руперт Мердок. Медиумскиот могул посвети голем дел од својот живот да дојде до овој весник.Иако роден во Мелбурн во 1931 година, како син на издавач на весници, Мердок империјата ја градеше во Велика Британија и во САД. Веќе е епска неговата битка со семејтвото Барон кое со генерации го имаше во свој посед најугледниот весник од бизнисот во најголемата светска економија. Неговата филозофија дека после третата генерација на наследници многу тешко се одржуваат бизнисите се покажа како апсолутно точна во овој случај. Тоа е така поради тоа што третата генерација значи многу наследници и многу гранки на семејното стебло, многу алчност и потреба за повеќе пари. Мердок тогаш успеа да ги најде најслабите алки и да ги скрши, секако благодарение на многу пари. Во кратки црти така весникот стана негов.
Денеска живееме во време различно од она кога Руперт почнувал да работи, всушност различно од времето во кое живеел. На печатените изданија им се заканува пропаст, која веројатно нема да дојде така апокалиптично како што ја предвидуваат, но без дилема денеска воопшто не е лесно да водиш весник и да бидеш профитабилен.
Токму поради тоа пред некој ден беше претставен еден новитет за кој менаџерите на весникот се надеваат дека ќе понуди едно ново искуство за нивните читатели и дека ќе му помогне на весникот во овие тешки времиња.
Се работи за една платформа во која читателите ќе може да внесуваат свои лични податоци со цел побрзо да доаѓаат до информациите и контактите кои им се потребни. Секако ова наликува на Фејсбук и веројатно тоа и била целта на оној кој ја дал идејата. Додуша повеќе треба да наликува на Линкдин затоа што се работи за луѓе од бизнис сферата, но сеедно. Целта е значи полесно снаоѓање до морето на информации за читателите, додека за весникот ќе значи создавање на дата база која ќе може да се користи да таргетирано рекламирање.
Вака би требало да изгледа еден таков профил:
Комбинирано со претплатата, ова евеќе втор начин со кој венсикот ќе се обиде да ги зголеми приходите.
Инаку Њузкорп, компанијата на Мердок веќе имаше еден дебакл на полето на социјалните медиуми. Не знаеме дали сеуште се сеќавата на Мајспејс но Њузкорп го купи за 530 милиони долари за во 2011 година да го продаде за 35 милиони. Запрашајте се колку луѓе знаете што имаат профил на оваа мрежа и ќе ви стане јасно за што зборуваме.
Како ќе биде со овој обид, ќе дознаеме за некое време, во меѓувреме Руперт веројатно ќе има поголем проблем околу тоа како ќе се делат со неговата тазе разведена сопруга.
Редакција Фактор
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.