НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања Побрзи трансфери и значајно пониски надоместоци за плаќања во евра
Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2025 17:35
Од утре (7 октомври), НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА - Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пониски надоместоци.
Откако кон крајот на мај годинава, НЛБ Банка ја достави апликацијатадо Европскиот платен советза членство во СЕПА (SEPA - Single Euro Payments Area), со што стана и првата банка во Република С. Македонија која го започна процесот на интеграција во системот, веќе од утре, клиентите на НЛБ Банка ќе можат да вршат и примаат плаќања во евра во над 40 земји-членки на СЕПА, со истата леснотија и ефикасност како и домашните трансфери.
Значајна придобивка за клиентите е новиот тарифник за СЕПА и повеќекратно пониските надоместоци, со посебен фокус на електронските плаќања. Така, за кредитни трансфери преку дигиталните канали за физички лица, НЛБ Банка ќе понуди цени почнувајќи од 1 евро за најниските рангови, односно 5 евра за најголемиот број на кредитни трансфери, додека за приливите продолжува со 0,16 евра за најниските рангови и 3 евра за најголемиот број на приливни транасакции. Примателите на странски плати и пензии во НЛБ Банка продолжуваат да ги реализираат приливите по овие основи без провизија.
И за компаниите, Банката ќе понуди повеќекратно намалени тарифни надоместоци за електронските плаќања.
Повластените надоместоци за плаќањата на физичките лица и компаниите помеѓу банките во рамките на НЛБ Групацијата остануваат непроменети.
Ценовното стимулирање на електронските налози ги поттикнува клиентите да ги извршуваат плаќањата преку дигиталните канали наместо на шалтер, што претставува значаен импулс во севкупната дигитална трансформација, унапредување на клиентското искуство и зајакнување на дигиталната зрелост во банкарскиот систем. Сепак, НЛБ Банка воведе пониски надоместоци и за шалтерските налози, почитувајќи ги префенците и потребите на клиентите.
Повеќе информации за новите услови и начинот на користење на СЕПА плаќањата се достапни на www.nlb.mk, на телефонскиот број на Контакт центарот – 02/15 600, и во сите експозитури на НЛБ Банка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





