Добивај вести на Viber
Новата љубљанска банка -Словенија во рамки на планот за реформи во идните две години има намера сегашниот број на вработени да го намали за 20 отсто, соопшти директорот на најголемата словенечка банка Јанко Меѓа.
НЛБ моментно има околу 3.500 вработени, а планот за реформи и реорганизација, кој треба да биде претставен до крајот на месецот, предвидува отпуштање на 700 вработени и затварање на некои експозитури, како и максимално концентрирање на сервисирањето на средните и мали претпријатија, пишуваат словенечките медиуми.
Меѓа, кој на местото директор на банката дојде минатата година, настојува НЛБ да ја реорганизира врз основа на концептот на „витка банка“, со намалување на бројот на вработени и на трошоците, за да ја зголеми нејзината ефикасност. Се очекува процесот да трае две години.