20 Декември, 2025
0.0627

НЛБ Тутунска банка ја понесе титулата „Најдобра банка во Македонија за 2013 година“

Објавено во: Мои пари 29 Ноември, 2013 16:56

Добивај вести на Viber

На 29 ноември во Лондон, НЛБ Тутунска банка е прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2013 година од страна на угледниот финансиски магазин „THE BANKER“ На свечената церемонија којашто се одржа на 28 Ноември во Лондон, угледниот финансиски магазин „The Banker“ ги додели глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарството во 2013 година. За најдобра банка во Македонија за 2013 година е прогласена НЛБ Тутунска банка. Наградата за најдобрите банки се базира на постигнати извонредни финансиски резултати во услови на нови глобални регулативи, засилена конкуренција и намалена економска активност во повеќето земји. НЛБ Тутунска банка во 2012 година оствари добивка од 8,1 мил. ЕУР или 10% поврат на капиталот. Банката покажа исклучително висока стабилност во услови на зголемени ризици во банкарскиот сектор што се должи на долгогодишната стратегија на реален раст на Банката, современите системи за управување со ризиците и професионална услуга која овозможува креирање долгорочна деловна соработка со клиентите. Во 2013 година, НЛБ Тутунска банка започна нова пазарна иницијатива со која се иницира нов инвестициски циклус кај претпријатијата и населението. Со новата кредитна понуда на Банката ќе бидат опфатени домаќинствата и сите микро, мали и средни претпријатија од сите стопански дејности, за што се започнати и нови инвестиции за проширување на деловната мрежа и за надградба на електронските сервиси, што ќе им овозможи на клиентите брз, евтин и едноставен пристап до услугите на Банката.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии