05 Декември, 2025
0.0372

Норвешка компанија заинтересирана за стопанисување со скопскиот трамвај

Објавено во: Македонија 24 Април, 2013 13:32

Добивај вести на Viber

Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација се заинтересирани за јавно приватно партнерство со градот Скопје за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на трамвајскиот систем во Скопје. На денешниот рок за понуди до Градот Скопје пристигнала само една понуда. Од градот велат дека се работи за обемна документација која што ќе треба да се евалуира подолг период. Засега не се откриваат детали за доставената понуда. Колку пари понудила оваа копманија и каков е проектот ќе биде познато по разгледувањето на документацијата. Во огласот за јавно приватно партнерство беше наведено дека Концесионерот што ќе се избере е должен да набави 22 трамвајски восилиа, да ја проектира трамвајската траса која што е предвидено да биде во должина од 12,1 километри, однсно 2,4 километри во двата правци, да изгради трамвајски станици, депоа и да стопанисува со системот во согласност со рокот нведен во договорот, однсно следните 35 години. Понудувачот треба да поседува соодветни сертификати за квалитет и заштита на животната средина, во последните три години да има остваренои приход од 700 милиони евра и најмалку 4 склучени договори за трамвајски или метро системи. Претходно од градот известија дека интерес за оваа нивестиција покажале неколку странски фирми од Франција, Хрватска, Полска Чешка и Германија, иако сега има само една понуда. Оваа инвестицијата се проценува дека ќе изнесува 243 милиони евра. Во следните 35 години освен Градот, со 50 проценти ќе учествува и Владата. Во првите 4 години ќе се одвојат по 16 милиони евра, 3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година, 1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година. Се уште не е одлучено со колкав процент во финансирањето ќе учествува приватниот партнер. Трамвајот ќе го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот – со вкупна должина од околу 24 км во двете насоки и фреквентна временска рамка од 3-6 минути.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот