27 Март, 2025
0.0435

НОВ ЦИКЛОН НАД МАКЕДОНИЈА - дожд, ветер, ама и сахарска прашина, еве што не очекува неделава

Објавено во: Македонија 24 Март, 2025 07:11

Добивај вести на Viber

Дождливо и нестабилно време, проследено со повремено засилен ветер најавуваат синоптичарите во текот на оваа недела. 

Под влијание на силен циклонски систем со центар југозападно и јужно од нас, следува подолг период на многу променливо и нестабилно време со чести повремени врнежи од дожд и со умерен, повремено засилен до силен ветер од јужен и од југоисточен правец ( повремено и локално со брзина и над 60 километри на час). На повеќе места врнежите ќе бидат обилни и поројни (над 20/30 литри воден талог, а локално ќе наврнат и над 50 литри воден талог) - вели метеопрогнозерот Славчо Попоски. 

Најавува дека веќе од четврток, 27 март атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни локално во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и со услови за појава на град, додека од петок 28 март врнежите на планините над 1600/1700 метри надморска височина ќе преминуваат во снег.

- И во Скопскиот регион следува подолг период на променливо и врнежливо време, односно, со честа појава на повремени врнежи од дожд, кои од четврток (27 март) ќе бидат пообилни и поројни, во делови од котлината можни се поинтензивни атмосферски процеси во форма на невреме.

Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени, што значи дека ќе бидат релативно високи, поради јужното и југозападното воздушно струење - посочува Попоски.

Воедно тој најавува дека заедно со јужното и југозападно струење, од Сахара кон Македонија доаѓа прашина и песок, па и дождот кој ќе врне ќе биде помешан со истата и ќе биде обоен.

Што се однесува до денешниот ден, не очекува променливо облачно и потопло време проследено со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Во Скопје исто така променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Eкс градоначалниците на Кочани, Димитровски и Илијев добија куќен притвор

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

ДВАЈЦА МАКЕДОНЦИ ЗАГИНАА ВО ИТАЛИЈА: Комбето се судрило со камион

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

MOJСОСКА ЗА СНИМКАТА КАДЕ РАДОВИШАНЕЦ ТЕПА БРЕМЕНА ЖЕНА: Ова е општество на лудаци на слобода

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

ПЕТАР ШАПЕ: Ќе поднесам иницијатива МКЦ да го носи името на Андреј Ѓорѓиески-ДНК

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

(ВИДЕО) СТИПЕНДИЈА ЗА ЈОВАН КОСТАДИНОВ: Mицкоски рече дека тој е светла точка во деновите на темнина

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ: Двајца поранешни градоначалници пуштени во куќен притвор

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ДУИ: Сопственикот на клубот полицијата го однесе без лисици, а Бектеши со лисици

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

ТАРАВАРИ: Пет пациенти од странство се враќаат во Македонија, а четворица и натаму се во критична состојба

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ

Јан Фрчкоски се повлекува од функцијата во СДСМ