НОВ ММФ ИЗВЕШТАЈ: Потребна е храбра реформска агенда за намалување на страотната невработеност!
Објавено во: Анализа 09 Октомври, 2013 11:01
До година, според стапката на економски раст, Македонија би била во подобра позиција од Албанија, Босна, Бугарија, Хрватска, додека би каскала зад Косово, Латвија, Литванија и Турција. До година, според очекувањата на ММФ и хрватската економија би излегла од рецесија.
Според проекциите на ММФ, економскиот раст во земјите од Централна и Источна Европа годинава ќе изнесува 2,3% додека до година растот е проектиран на 2,7%.
Храбра реформска агенда
“Политиките треба да се фокусираат на подигнување на потенцијалот за раст, кој се проценува дека значително ќе се намали со оглед на глобалната финансиска криза. За многу земји каде што голем дел од високата стапка на невработеност се појавува како структурна, ќе биде потребна храбра реформската агенда за да се ублажат тесните грла. “ – пишува во Извештајот на ММФ.
Како можна опасност по економиите и натаму се посочуваат натамошните задолжувања и дефицити.
“Во земјите со висок долг или дефицит во последните месеци се забележува повторување и зголемување на ризиците, за што ќе бидат потребни мерки за да се намали оваа ранливост“ – се посочува во Извештајот на ММФ.
И до година, генератор на глобалниот економски раст би биле земјите од Азија. Така, според ММФ, растот на БДП во Кина ќе забави но нема да биде помал од 7,3%. За Индија се предвидува раст од 5,1%, повисока стапка во однос на годинашното очекување од 3,8% раст на БДП. Од земјите на Средниот Исток, Либија се очекува да испорача раст во 2014 та година од фантастични 25,5% за разлика од годинешната прогноза за рецесија од -5,1%. До година според ММФ, американската економија ќе испорача раст од 2,6%.
Руската економија догодина се очекува да оствари стапка на економски рат од 3%.
Д.А.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





