05 Декември, 2025
0.0330

Нов обид за трамвај во Скопје, ќе успее ли овој пат?

Објавено во: Македонија 19 Јули, 2013 08:10

Добивај вести на Viber

Градските власти не се откажуваат од трамвајот. Откако првиот јавен повик за приватен партнер пропадна, сега Градот Скопје подготвува нов тендер. Предлог одлуката за започнување на постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство за трамвајскиот систем, ќе се најде на седницата на градскиот Совет закажана за следната недела. Доколку предлог одлуката поднесена од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски, добие зелено светло и од градските советници, тогаш Комисијата ќе ја подготви тендерската документација во рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука. Постапката за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство ќе биде спроведена во рок од една година  од денот на објавување на огласот. - Оправданоста од доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство произлегува од потребата за воведување на нов концепт на организирање на јавниот превоз на патници на подрачјето на град Скопје, кој значително ќе го подобри квалитетот, брзината, ефикасноста, безбедноста  и одржливоста на постојниот јавен превоз на патници во градот Скопје. Со воведување на трамвајска линија се очекува зголемување на бројот на граѓаните кои би го користеле јавниот градскиот превоз. Договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство ќе се реализира според моделот: проектирање – изградба - финансирање –стопанисување – трансфер, стои во образложението од Град Скопје. Условите и предметот на договорот остануваат исти. Концесионерот ќе стопанисува со трамвајот 35 години.  По истекот на овој период, приватниот партнер е должен предметот на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство со сите додатоци и подобрувања да го предаде во владение на Градот Скопје, кој понатаму ќе продолжи да ја врши дејноста превоз на патници. Вредноста на инвестицијата се проценува на 243 милиони евра Предмет на договорот за јавно приватно партнерство е  проектирање на трамвајска инфраструктура за трамвајска линија, изградба на трамвајска линија со должина од 24 км, изградба на трамвајски станици, депоа, набавка на најмалку 22 трамвајски возила и стопанисување (вршење јавен превоз на патници) и одржување на трамвајската линија. - Посебна цел на концесискиот проект е поддршката на Градот Скопје за зголемување на ефикасноста во секторот на јавен линиски превоз на патници, надградувањето на автобускиот превоз со трамвајски превоз кој нуди поголема брзина во услугата, поголема сигурност и поголема удобност. Со доделувањето на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство, посебните цели ќе се обезбедат преку подобрување на пристапот, еднаквоста и достапноста на услугите за превоз на патници, промовирање на безбедноста на патиштата и намалување на сообраќајните незгоди, понуда на избор за патниците за превоз заштита на животната средина и промовирање на употребата на енергетски ефикасни возила и возила со помали нивоа на загадување, образложуваат од Градот. Трамвајски систем е планирано да се воведе на Линија 1,  која ќе го поврзува источниот и западниот дел на градот, односно од Ново Лисиче до Ѓорче Петров, минувајќи низ центарот, со вкупна должина од околу 24 километри во двете насоки, со фреквентна временска рамка од 3-6 минути. Вредноста на инвестицијата се проценува на околу 243 милиони евра. Финансискиот дел со кој треба да учествува Градот ќе биде обезбеден од буџетот од тековната 2013 година и од Развојната Програма за 2014 и 2015 година. Од Градот образложуваат дека планираните средства ќе бидат согласно динамиката за финансирање на проектот Трамвај. Во инвестицијата со по 50 % ќе учествуваат Градот Скопје и Владата. Динамиката на финансирање ќе се одвива по следниот редослед -16 милиони евра до четвртата година -3,4 милиони евра годишно од четвртата до деветата година -1,3 милиони евра годишно од деветата до триесет и петтата година Првиот обид за трамвај пропадна Минатиот месец градските власти го пиништија првиот тендер за избор на фирма за јавно приватно партнерство за трамвајскиот систем. Една од причините беше тоа што на јавниот повик единствената компанија што се пријавила, не ги исполнила тендерските услови. На првиот тендер за проектирање, изградба, финансирање и стопанисување на трамвајскиот систем во Скопје, конкурираше Норвешкиот конзорциум ПЈ Скурдал и Метнит групација. Ј.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите