26 Ноември, 2024
0.0336

НОВ ОПЕРАТИВЕН БЛОК – СЛЕДЕН ПРОЕКТ НА КЛИНИКАТА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ СВ. „НАУМ ОХРИДСКИ“: Интервју со директорот, д-р Љубен Арсенков

Објавено во: Интервјуа 16 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

На Клиниката за хируршки болести Свети „Наум Охридски“ се водедува нова патологија откако во установата, односно на одделот за урологија е инсталиран нов современ апарат за литотрипсија, а со тоа се врши и проширување на спектарот на процедури кои ќе бидат понудени на пациентите. Се очекува годишно да се третираат стотина пациенти со оваа патологија, кои по интервенцијата би се задржале само еден ден, или пак, истиот ден би се пуштале дома, што е голем бенефит за пациентите, а секако и за здравствената установа. За новата современа апаратура, како и за идните проекти кои се планираат, во денешното интервју за Фактор говори директорот, д-р Љубен Арсенков, директор на Клиниката за хируршки болести Свети „Наум Охридски“.

Годината ја започнувате со нова современа опрема во Клиниката, што се е инсталирано и што се ќе се третира?

Д-р Арсенков: Пријатно чувство е кога повод за интервју, се убави вести. Таква причина е несомнено промоцијата на нова опрема, опрема и апарати на Клиниката за хируршки болести „Св.Наум Охридски“, што се случи минатата недела.

Министерството за здравство набави итортриптор за разбивање на камења во бубрег, кој е од големо значење за ефикасно третирање на оваа извонредно честа состојба. Треба да се истакне дека ваков апарат прв пат се инсталира на нашата Клиника и на годишно ниво очекуваме дека успешно ќе бидат лекувани стотина пациенти. Од големо значење е набавката на најсовремениот мамограф со томосинтеза, кој како дополнение на постоекиот мамограф кој има значаен придонес во спроведувањето на скринингот и националната стратегија за рано откривање на рак на дојка.

Веќе е инсталиран и нов лапароскопски столб кој придонесува за континуирано изведување на лапароскопските процедури од областа на абдоминалната хирургија и урологијата. Денеска е добиен и нов артроскопски столб кој исто така е од огромно значење за извршување на секојдневните хируршки интервенции на одделот за трауматологија. Вредноста на оваа опрема е во износ од 1.200.000 евра и еве на овој начин изразувам благодарност до Министерството за здравство за оваа инвестиција.

Ова се само последните нови вложувања на апарати во нашата Клиника, кои мора да потенцираме дека на наше задоволство се интензивираа во последните неколку години. Тоа со право го сметаме како препознавање и признание за успешното функционирање на установата.

Освен огромната поддршка која ја добивате од Министерството за здравство, има ли заинтересираност и од страна на компаниите за инвестирање во овој исклучително важен сектор, односно во здравството со цел квалитетни услуги за пациентите?

Д-р Арсенков: Накратко, за потсетување Клиниката за хируршки болести Св. „Наум Охридски“ ,егзистира од далечната 1963 и сите овие шест децении остави длабок белег во системот на јавните здравствени установи. Во десеттина хируршки оддели, анестезиологија, рентген дијагностика, лабараторија, аптека, ангажирани се околу 350 вработени.  

Изминатава година во поликлиничкиот дел, специјалистичките одделенија и ургентната амбуланта на болницата, помош побарале 121.000 пациенти. Особено ме радува податокот дека годинава и во не така оптимални услови во оперативниот блок се направени приближно 5.000 хируршки интервенции, најмногу досега од постоењето на клиниката.

Затоа сметам дека не е нескромно ако и вој пат потенцираме дека освен поддршката од Министерството за здравство, особено изминатава година, Фондот за здравство,во Клиниката за четири години се реализирани проекти за реконструкција и набавка на апарати преку донации од фирми и поединци од околу 1.125.000 евра. Тој позитивен тренд е особено изразен и започнат за време на епидемијата на корона вирусот, што веројатно влијаеше кај граѓаните да се сфати сериозно значењето на здравјето и затоа безрезервно се одѕиваа на барањата за донирање, Благодарност до сите нив. Но, пред тоа, огромна благодарност до целиот персонал, буквално до секој вработен во клиниката, кој во изминатиов период пожртвувано и професионално си ги извршуваа со успех работните задачи.

Сепак, сметам дека успешноста на еден менаџерски тим не треба да се оценува само според завршените реконструкции и набавената опрема, туку, во овој случај, кога станува збор за болничка установа, по задоволството на пациентите пред се, но и по односот и задоволството на вработените. Денес со госрдост можам да истакнам дека една од целите ни беше вработените да почувствуваат припадност кон установата и тоа се постигна. Колегите од одделите, самоиницијативно ги вложија сопствените познанства и релации и со донации го реновираа целиот оддел. Секако заслужува почит, а се надевам и пример и поттик за останатите. Бројни се и колеги од другите оддели кои дадоа огромен придонес со својот ангажман за подобрување на условите во нашата Клиника.  

Како наставна база, Медицинскиот факултет при УКИМ, секојдневно голем број студенти и специјализанти се едуцираат и усовршуваат во нашата клиника. Од пред неколку години воспоставена е и соработка со Медицинскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Професорите, доцентите и асистентите даваат значаен придонес и во наставно научната сфера со нивната стручност и подготвеност за несебичен трансфер на знаењата на помладите генерации.

По овие големи инвестиции, нова апаратура, реновирање на одделите, ќе следи ли и проширување на просторните капацитети со нов оперативен блок?

Д-р Арсенков: Голем хендикеп е што просторот во кој делуваме не може да се прошири. Максимално е искористено се што може да се искористи. Поради фактот што зградата е стара 93 години и е заштитена како архитектонски објект од страна на Министерството за култура, не можеме да го смениме габаритот, ниту во висина, ниту во ширина.

Затоа пред неколку години почна да се разгледува идејата за доградба на клиниката, односно изведување на нов оперативен блок со пет операциони сали во просторот над паркингот со што би се обезбедиле потребни стандарди за оперативниот оддел. Значењето на овој проект се огледува во фактот што додека тој се гради, непречено ќе се одвива работата во клиниката и на пациентите ќе им биде пружена адекватна и континуирана медицинска помош.

За мене, како долгодишен хирург, повеќе од јасна е потребата од реализација на тој проект. Ќе се обидеме во периодот што е пред нас да ја запознаеме јавноста со насушната потреба сериозно да се пристапи кон негова реализација. Јавниот интерес ни е од големо значење, и информациите објавени во јавноста, конкретно еве и на вашиот портал, мислам дека со заеднички сили, со сериозен и искрен пристап ќе бидеме сведоци на неговата реализација.

Пациентите и вработените заслужуваат да се лекуваат и да работат во оптимални услови.Сметам дека инвестирањето во овој и слични вакви проекти значително ќе придонесе во напорите за задржување на кадарот, медицинските сестри и лекарите во нашата држава.

Под секојдневен притиосок од, слободно можам да кажам ,,непристојните“ пределози во однос на плати од западните земји, а во улсови кога ќе се препознае дека дражавата сериозно превзема и реализира проекти во јавното здравство, веројатно голем дел од би останале тука, особено оние кои не заминуваат пред се заради поолема заработка.

И за крај, голема благодарност до Министерството за здравство и особено до добронамерните донатори со надеж дека и во иднина овој тренд ќе продолжи, бидејќи имплементацијата на современите методи и процедури во хирургијата е пред се неопходна за успешен третман на пациентите.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор

ИНТЕРВЈУ ЛАЗЕ КАМЧЕВ, НЛБ ФОНДОВИ: Инвестициските фондови не се само за богатите, тие нудат опции за секој инвеститор