НОВ ПАД НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА - Рударството, преработувачката и енергетскиот сектор со најголеми загуби
Објавено во: Економија 01 Октомври, 2025 12:44
Бројот на работниците во индустријата е намален за 2,6 проценти во август 2025 во однос на август 2024 година, објави Државниот завод за статистика. Според нивните последни податоци, бројот на работниците во август 2025 година, во однос на август 2024 година се намалил во секторот Рударство и вадење на камен за 1,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија за 2,7 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,6 отсто. - Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2025 година, во однос на август 2024 година, се намалил во групите Енергија за 1,8 отсто, Капитални производи за 7,1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,2 отсто. Додека се зголемил во групите Трајни производи за широка потрошувачка за 7,3 проценти и Интермедијарни производи, освен енергија за 1 отсто - се посочува во соопштението на Државниот завод за статистика. Погледнато од почетокот на годината, бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2025 година, во однос на периодот јануари – август 2024 година, се намалил за 3,8 отсто.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




