Нов плоштад во Демир Капија
Објавено во: Македонија 11 Јануари, 2013
Во рамки на програмата „Форуми во заедницата” заврши реконструкцијата на улицата „Даме Груев” во Демир Капија, како и изградбата на мини плоштад.
- Реконструкцијата опфаќаше асфалтирање на двата крака од улицата „Даме Груев” во должина од половина километар и 186 метри од улицата „Тиквешка 2”. Мини плоштадот се простира на површина од 250 квадратни метри, а се изградени фонтана, детско игралиште и мини бина, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при општината.
Од Службата потсетуваат дека вкупниот буџет на проектот изнесуваше 5.257.290.00 денари обезбеден од Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Демир Капија.