Нов рај за перење пари – Лондон!
Објавено во: Анализа 04 Март, 2015 18:49
Лондонскиот пазар на недвижности, кој е во полна експанзија, стана рај за перење пари и избегнување на плаќање данок, наведува „Транспаренси Интернешенл“.
Меѓународната асоцијација за борба против корупцијата наведува, повикувајќи се на податоците на катастарот и антикоруптивниот огранок Скотланд Јард, дека британската престолнина станала засолниште за украдени пари ширум светот, пренесуваат белгиските медиуми.
Во извештајот се споменуваат 36.342 недвижности со вкупна површина од 3,6 км2 кои се во сопственост на фирми регистрирани во некој од даночните раји, така да името на вистинскиот сопственик на тој начин е скриено.
Речиси секоја десета недвижнина во квартот Вестминистер е регистрирана на фирма со седиште во некоја оф шор дестинација, најчесто на Девичанските острови, Џерси, Островот Ман ...
Анонимноста на сопственикот на недвижности, која често се оправдува со доверливоста на податоците, служи токму за маскирање на „матните работи“, избегнување на плаќање данок, до перење пари.
„Бројни податоци укажуваат дека британскиот пазар на недвижности станал засолниште за нелегално стекнат капитал ширум светот. Таквата тенденција е олеснета со закон со кој на тајните оф шор фирми им се дозволува сопственост над недвижностите“, се додава во извештајот.
Се проценува дека вредноста на таквите недвижности во Британија е околу 250 милиони евра.
„Транспаренси Интернешенл“ ја повикува владата на Дејвид Камерон на поголема транспарентност, како би избегнала Велика Британија да не стане „привилегирана дестинација за перење пари“.
Во извештајот се наведува дека таквата пракса има домино ефект на распламтување на цените на недвижности во Лондон, што се наметнува како една од главните теми во предизборните кампањи на учесниците во претстојните мајски парламентарни избори.
И.Р
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





