Нов штрајк во Грција
Објавено во: Балкан 08 Март, 2013
Во следните 24 часа поради штрајк, археолошките наоѓалишта и музеи во Грција ќе бидат затворени.
Штрајкот е прогласен во знак на протест поради најавените реформи, со кои е предвидено намалување на активностите на тоа Министерство за култура.
Туристите, кои изутринава пристигнаа во Акрополот наидоа на затворена порта и знак на кој пишува дека познатиот грчкиот споменик ќе биде затворен во текот на целиот ден.
Штрајкувачите се противат на организациските реформи, кои како велат, би можеле да загрозат одредени работни места и претставуваат „надгробна плоча за Министерството за култура“.