Добивај вести на Viber
Ќе се гради затворен базен во Битола. Општината денеска повторно го објави огласот за изградба на олимписки базен кај градското шеталиште, а сите заинтересирани за учество може да се пријават до 19-ти јуни годинава.
Олимпискиот базен ќе се гради кај спортската сала, а како дел од градскиот спортскиот рекреативен центар. Според планот изградбата ќе заврши за најмногу 4 години, а базенот треба да се прави по стандарди од највисок ранг, со димензии 25 метри широчина и 53 метри должина, а максималната длабочина од 2,05 метри.
Ова е втор ваков оглас за изградба на базенот на првиот не се јави ниту еден понудувач, иако беше најавено дека има неколкумина заинтересирани.