10 Октомври, 2024
0.0270

НОВ ВИД НА СВИНСКИ ГРИП ПРЕМИНА НА ЧОВЕК ВО БРИТАНИЈА: „Правиме сè за да го намалиме потенцијалното ширење“

Објавено во: Свет 29 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Во Велика Британија е забележано прво пренесување од човек на човек на нов вид на свински грип, а здравствените власти се обидуваат да го утврдат потеклото на вирусот. Во понеделникот, Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство (UKHSA) потврди дека лицето било позитивно на тестот за инфлуенца А H1N2v, патоген сличен на вирусите на свинскиот грип што се шират низ целата земја.

Според прелиминарните податоци, инфекцијата со H1N2 во Обединетото Кралство е генетски единствена во споредба со другите неодамнешни случаи на луѓе на глобално ниво. „Работиме брзо за да најдеме блиски контакти и да го намалиме потенцијалното ширење“, рече Мера Чанд од UKHSA, како што објави Science Alert.

Пациентот набрзо се опорави

По појавата на респираторните симптоми, лекар во Северен Јоркшир го тестирал пациентот за грип на 9 ноември. Секвенционирањето на геномот и PCR тестирањето го идентификуваа вирусот H1N2. Пациентот имал поблаги симптоми на болеста и на крајот целосно закрепнал.

Епидемии на свински грип, респираторно заболување на свињите предизвикано од вируси на грип А, често се јавуваат кај свињите и повремено се пренесуваат на луѓето. Иако H1N2v никогаш досега не бил идентификуван кај луѓето, UKHSA вели дека имало 50 случаи на инфекција ширум светот од 2005 година.

„Овие вируси обично немаат способност да се шират од човек на човек и најчесто станува збор за инфекција по директен или индиректен контакт со свињи“, објасни вирологот Иан Браун од Британската агенција за здравје на животните и растенијата.

Различно од свинска чума

Молекуларниот виролог Ед Хачинсон од Универзитетот во Глазгов предупредува дека вирусите на грипот А понекогаш може да се инкорпорираат во нови видови домаќини. „Човечки и животински вируси на грип А може да се парат ако завршат во истиот домаќин и создадат хибридни потомци кои се добро прилагодени да се развиваат кај луѓето, но кои нашиот имунолошки одговор на претходни инфекции или вакцини против грип не го препознава“, објаснува тој.

„Затоа е особено важно да се следи ширењето на вирусот на грип А“, додава тој. Треба да се напомене дека споменатиот нов вид на свински грип се разликува од свинската чума, која им предизвикува проблеми на фармерите. Африканската свинска чума е вирусна заразна болест на домашните и дивите свињи. Не е опасна за луѓето, односно од него не можат да се разболат ниту луѓето ниту другите животни.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

ЕДЕН УРАГАН ЈА УНИШТИ АМЕРИКА, ДРУГ СТИГНА ВО ЕВРОПА: застрашувачко предупредување, метеоролозите никогаш не го виделе ова

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Блумберг: 14 земји-членки на НАТО ги зголемија трошоците за одбрана на невидено ниво по падот на комунистичките режими

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

Пилот на Туркиш Ерлајнс почина за време на лет од Сиетл до Истанбул

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ФОН ДЕР ЛЕЈЕН ГО НАПАДНА ОРБАН: Го изневеривте унгарскиот народ со приближувањето до Путин

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

ЗИМСКИТЕ ЦЕНТРИ ПРЕД ЗАТВОРАЊЕ: Недостигот на снег го менува туризмот во Алпите

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

„КИРК“ ДОАЃА ВО ЕВРОПА: Ќе предизвика значителни последици

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ПОРАНЕШНИОТ ШЕФ НА МИ6, АЛАСТЕР КРУК, „Израел станува сè послаб и трпи големи загуби, Иран испрати јасна порака до САД“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА АПОКАЛИПТИЧНИОТ „МИЛТОН“ ОД ВСЕЛЕНАТА: „Американци, спасувајте се - веднаш!“

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи

ПАСОШ ВО ВАШИОТ ТЕЛЕФОН: Побрза и поедноставна гранична проверка - се воведуваат нови дигитални документи