Добивај вести на Viber
Започна изградбата на новата водоводна мрежа кај поликлиниката Јане Сандански во општина Аеродром. Проектот чини 7 милиони денари, а треба да биде завршен за 45 дена.
Според плановите, новата водоводна мрежа ќе се гради од крстосницата на улицата Васко Карангелевски со улицата Трета македонска бригада до крстосницата кај поликлиниката Јане Сандански и ќе биде долга 350 метри. На овој потег ќе се постават два цевковода - првиот со профил од 150 милиметри за високата зона и вториот со профил од 300 милиметри за ниската зона. Цевките се изработени од дуктилно железо.
„Изградбата на новата мрежа ќе овозможи поквалитетно водоснабдување за станбените згради во Стар Аеродром, како и за новите згради што се градат по должината на улицата Трета македонска бригада“, изјави скопскиот градоначалникот Коце Трајановски.
Градежните активности ги изведува компанија АД „Енергомонт" од Скопје.