18 Декември, 2025
0.0541

НОВ ВРТОГЛАВ РАСТ НА ЦЕНИТЕ НА НЕДВИЖНИНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА – надминати рекордите, домовите се поскапи и низ Европа

Објавено во: Економија 06 Октомври, 2025 09:40

Добивај вести на Viber

Недвижнините остануваат наједноставната и најомилената инвестиција за македонските сограѓани, но истото важи и за жителите на соседството и за Европските земји. Цените на недвижнините во Македонија по короната постојано растат, но тоа не е пречка за нивно продавање. 

И најновите податоци на Народната банка покажаа дека становите во третиот квартал од 2025 година вртоглаво се зголемиле, за рекордни 25,1 проценти. 

За споредба во вториот квартал според НБ цените на недвижнините пораснаа за 19,9 отсто, а во привиот квартал 19,5 проценти. 

Ова покажува дека по умерениот раст на цените во текот на минатата 2024 година, годинава цените повторно „подивеа“. Имено во текот на 2024 година на квартална основа цените растеа за 4,6 отсто во прв квaртaл, па 11,4 проценти во вториот квартал, па 8 проценти во трет и 10,6 отсто во четвриот квартал. 

Но, оваа година, цените на недвижнините поскапуваат со забрзано темппо. Сепак, ова не е случај само со Македонија, напротив и последните податоци на Евростат, европскиот статистички центар, покажуваат раст на цените на недвижнините, но поумерен отколку кај нас. 

Цените и кириите на станбените недвижности во Европската Унија во вториот квартал од 2025 година, според податоците на Евростат се зголемиле за 5,4 отсто во споредба со истиот период во 2024 година, додека кириите се зголемиле за 3,2 отсто. 

- Во споредба со првиот квартал од 2025 година, цените на куќите се зголемиле за 1,6 отсто, а кириите за 0,7 отсто, што укажува на продолжување на стабилниот раст на пазарот на недвижности низ цела ЕУ. Од 2010 година до денес, цените на куќите во Европската Унија се зголемија за вкупно 60,5 отсто, додека кириите се зголемија за 28,8 отсто – се укажува во анализата на „Евростат“. 

Највисок раст на цените на станбените недвижности во периодот од 2010 до 2025 година е забележан во Унгарија за 277 проценти и Естонија за 250 отсто, а цените се дуплираа и во десет други земји-членки како Литванија, Латвија, Чешка, Португалија, Бугарија, Австрија, Луксембург, Полска, Словачка и Хрватска. 

Италија е единствената земја во која цените на станбените недвижности се намалија во тој период за еден процент. 

Кога станува збор за цените на кириите, најголем раст е забележан во Естонија 218 проценти, Литванија 192 отсто, Унгарија 125 отсто и Ирска 117 отсто. 

Грција пак е единствената членка на Европската Унија каде што кириите се намалени од 2010 година, за девет отсто.

Петранка Огнаноска

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?