20 Декември, 2025
0.0661

„Нова демократија“ го врати мандатот, не успеа да состави влада!

Објавено во: Балкан 24 Август, 2015 12:52

Добивај вести на Viber

Лидерот на „Нова демократија“, Евангелос Меимаракис, не успеа да состави влада во Грција во рамките на 3-дневен мандат, даден од претседателот Прокопис Павлопулос, по оставката на владата на Алексис Ципрас, јавуваат грчките медиуми.

Меимаракис не успеа да се договори со другите парламентарни партии во рамките на постоечкиот парламент.

Се очекува до крајот на денот претседателот Павлопулос да му даде мандат на лидерот на отцепената од „СИРИЗА“ парламентарна група „Национално единство“ на Панајотис Лафазанис.

Според уставот во случај на предвремена оставка на владата претседателот е должен да предложи на неколку опозициски партии да формираат нова влада, и на секоја од партиите и се дава рок од три дена.

Во случај ниту една од нив да не успее да состави нова влада, ќе биде назначена службена влада на чело со претседателот на Врховниот суд Василико Тану-Христофилу и ќе бидат објавени предвремени избори.

На 4 август за ратификација на договорот за трета кредитна програма за Грција гласаа само 118 пратеници од владината коалиција, а пратениците од левото крило на „СИРИЗА“ одбија да ја поддржат владата, со што кабинетот го изгуби мнозинството во парламентот (151 од вкупно 300 гласови). На 20 август Ципрас поднесе оставка и предложи да се одржат предвремени избори на 20 септември.

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација