20 Декември, 2025
0.0458

Нова ера на младинското информирање

Објавено во: Мои пари 17 Март, 2017 14:45

Добивај вести на Viber

Во Струга, Коалиција СЕГА, Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување – Луксембург и УМКИ - Хрватска разменуваа искуства и најдобри пракси за младинското информирање во Европа и иницираа процес за воспоставување на национална структура за младинско информирање во Македонија.

Во периодот од 13 – 17 март во Струга, се одржа средба помеѓу младински информативни работници од Македонија, Луксембург и Хрватска, како дел од проектот „Youth Information Workers fit to Youth“, кој Коалиција СЕГА го спроведува во партнерство со Европската Агенција за Младинско Информирање и Советување и УМКИ. Проектот е поддржан од Национална Агенција за Европски образовни програми и мобилност, како дел од програмата Еразмус+, Клучна Акција 2 (Стратешко партнерство во полето на млади).

На средбата беа споделени искуства и најдобри пракси за методи и техники за младинско информирање со посебен фокус на Европските трендови за онлајн информирање. Во рамките на проектот беше изготвена Анализа на потребите на младинските информативни работници во Европа, и врз основа на идентификуваните потреби се изготви Водич со најдобри пракси наменет за младинските информативни центри во Европа.

Ова е нова ера на младинското информирање. Во Струга го инициравме процесот на собирање на најдобрите практики од работата на младинските информативни работници во Европа, и истите беа преточени во “Водич” кој ќе биде важен ресурс за Европските младински информативни работници”, истакна Зоран Илиески, Коалиција СЕГА.

Претставникот на Европската Агенција за младинско информирање и советување (ERYICA) даде особен придонес во делот за насочување на планирањето за воспоставување на национална структура за младинско информирање во Македонија, пренесувајќи ги искуствата на европската мрежа за младинско информирање во која членуваат младински информативни центри од 27 земји.

„ЕРИКА е силен поддржувач на Македонија во развојот на младинското информирање. Во 2010 година, во соработка со СЕГА, го отворивме првиот Младински Информативен Центар во Прилеп по европски стандарди, а во изминатите денови работевме и на планирање за воспоставување на национална структура за младинско информирање во Македонија“, истакна Имре Шимон, ЕРИКА, Луксембург.

Следејќи ги европските трендови на средбата се работеше на јакнење на капацитетите на младинските работници од информативни центри од Прилеп и Кавадарци за користење на новите технологии во насока на подобрување на информирањето на младите во Македонија.

„Младинската Информативна Работа е од суштинско значење за подобрување на животот на младите, заштита на нивните права и вклучување во општеството. Оттука, со учеството во овој проект, и на оваа обука, ги споделив праксите и искуствата на УМКИ во насока на зајакнување на капацитетите на младинските работници од Македонија. УМКИ ќе ја продолжи соработката со СЕГА за воспоставување на нови инфо центри во Македонија.“, изјави  Тамара Токиќ, УМКИ – Хрватска.

Младинските информативни центри ИНФО СЕГА во Прилеп и Кавадарци се воспоставени во согласност со Европската Повелба за младинско информирање и се единствени од ваков вид во Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии