05 Декември, 2025
0.1126

НОВА ФАБРИКА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНИ КАБЛИ ВО ТИРЗ - Хрватска Елка ги разгледува опциите за нова инвестиција

Објавено во: Економија 21 Август, 2025 13:03

Добивај вести на Viber

Хрватската компанија Елка ги разгледува опциите за изградба на нова фабрика во Технолошката индустрика развојна зона. 

Како што е објавено на нивната Фејсбук страна, Директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Гоце Димовски заедно со амбасадорот во Република Хрватска, Драган Ѓурчевски денеска во Загреб оствари средба со Матија Шешок, претседател на управниот одбор на хрватската компанија Елка, која е дел од Искра групацијата. 

На средбата било разговарано за потенцијалните можности за изградба на нова фабрика за електрични кабли во рамките на ТИРЗ, која би била специјализирана за производство на високонапонски до екстремно високо напонски кабли, информираат од ТИРЗ.

Директорот Димовски ги посочил можностите кои ги нуди Македонија како држава, односно ТИРЗ, со особен акцент на поволната бизнис клима и актуелните политики, земајќи предвид дека државата е лидер во регионот кога станува збор за странските директни инвестиции.

 -Како земја нудиме најразлични поволности за странските инвестиции кои носат додадена вредност во нашата економија, моментално сме и рангирани како една од првите шест земји лидери во светот кога станува збор за странските инвестиции. 

Оваа нова потенцијална инвестиција е значајна од повеќе аспекти, земајќи предвид дека ова би била првата фабрика надвор од Хрватска со што ќе се унапреди и позицијата на Македонија на мапата на СДИ - истакнал Димовски.

Претседателот на управниот одбор на Елка, Матија Шешок, нагласил дека Македонија претставува стабилен партнер со предвидлива деловна клима.

- Препознаени сме како водечки производител на електрични кабли во Централна и Источна Европа со силна посветеност на квалитет и иновации, како единствен производител на среднонапонски и високонапонски кабли во регионот. Верувам дека новата потенцијална инвестиција ќе има силно влијание врз технолошкиот и одржлив развој на Македонија, како и зголемувањето на извозот - кажа Шешок.

Основана во 1927 година, компанијата Елка има богато наследство од речиси еден век во индустријата за електрични кабли. Производствениот погон, сместен во Загреб, работи од крајот на 1970-тите, заземајќи огромна површина од 88.000 м², со годишни капацитети што овозможуваат производство на 25.000 тони готови производи, појаснуваат од ТИРЗ. Во јули 2021 година, по одобрение од органите за конкуренција во Хрватска и Словенија,  компанијата ЕЛКА стана дел од групацијата ИСКРА, што го означи почетокот на нов циклус на континуирани инвестиции, развој и раст. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/ТИРЗ

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?