18 Декември, 2025
0.0613

НОВА ИМИГРАЦИСКА ПОЛИТИКА: Баталете бугарски пасош, учете германски јазик

Објавено во: Економија 20 Декември, 2018 07:10

Добивај вести на Viber

Германската влада за првпат усвои нацрт-закон за ангажирање квалификувана странска работна рака бидејќи се соочува со проблемот на стареењето на населението, објави Франс прес. Темата е предмет на жестока дебата во Германија во контекст на растечките антиимиграциски чувства. 

Новиот закон предвидува граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ, а имаат квалификации потребни за Германија, да добијат дозвола за престој од шест месеци за да најдат работа. Во овој период, тие мора да имаат свои средства за живот и да покажат доволно ниво на познавање на германскиот јазик. 

Тие нема да имаат право на социјална помош, а дозволата за престој ќе биде продолжена ако најдат работа. Набљудувачите истакнуваат дека текстот на законот може да претрпи измени во парламентот. Германија има намера на овој начин да ангажира вработени во стратешките сектори како информатиката, информатичката технологија, како и луѓе за работа во кујни и за нега на постари лица. Недостатокот на квалификувана работна сила е особено чувствително во малите и средните претпријатија, кои се „срцето“ на германскиот економски модел. 

Според експерти од универзитетот во германскиот град Констанца и Федералната агенција за вработување земјата се соочува со стареење на активната работна сила и до 2050 година ќе има потреба во просек годишно од 400.000 работници од земји надвор од ЕУ. Работодавачите бараат имиграцијата да биде олеснета, бидејќи недостигот на квалификувана работна сила се интензивира во последниве години поради силниот раст. 

Во исто време Федерацијата на германските синдикати изрази резерви за текстот, плашејќи се дека тој ќе предизвика дампинг на платите и експлоатација на странската работна рака. За првпат Германија ќе го усвои ваков закон. Според податоците на ООН, 14,9 проценти од луѓето се родени во странство, но Германија не сака да се доживува како земја со висока имиграција. Од 1960-тите, Германија прифати многу странци од Турција и Грција да работат во фабриките, но тие се сметаат за „поканети работници“, за кои се очекуваше да се вратат во своите родни земји. Но, многу од нив остануваат со своите деца и внуци. 

Според официјалните податоци, невработеноста во Германија во ноември е на рекордно ниско ниво од 4,8 отсто, а бројот на слободни работни места е 807.000.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?