19 Декември, 2025
0.0377

Нова инвестиција во охридско – струшкиот регион ќе отвори 1000 работни места

Објавено во: Економија 24 Декември, 2014 10:39

Добивај вести на Viber

Германската компанија „Костал“, која е лидер во глобална набавка на технолошки напредна електроника, електромеханички и мехатронски производи за најголемите индустриски организации, по Гентерм и Капкон, е трета која неделава објави дека во земјава влегува со инвестиција која ќе отвори 1000 нови работни места. Ваквата информација денеска ја обзнани премиерот Никола Груевски кој нагласи дека оваа инвестиција која сега официјално ќе се реализира била најавена во март годинава. „Она што го ветив пред јавноста на 25 март 2014, дека ќе има инвестиција во охридско-струшкиот регион се официјализираше финално. Германската компанија „Костaл“ објави инвестиција и 1000 нови работни места. 1000 нови вработувања за охриѓани и стружани. Вие знаете дека може да верувате на нашиот збор, дека се реалност и имаат корист за народот. По Гентерм и Капкон, Костaл е трета инвестиција во само седум дена. Објава за 2500 нови работни места за само една недела. Нашата борба за секое ново работно место продолжува“, објави Груевски. КОСТАЛ е независна компанија со седиште во Германија, која е распространета во 17 земји на 4 континенти, и има вработено повеќе од 15.000 лица. „Со задоволство ги објавуваме нашите планови за зголемување на производствените капацитети во Европа преку инвестиција во Македонија. Договорот се очекува да биде комплетира во јануари 2015 година“, велат од компанијата. Според планот, во почетокот на 2015 година ќе се започне со браунфилд инвестиција, а потоа и гринфилд во периодот од 2017-2018 година. Локацијата ќе се наоѓа во охридско-струшкиот регион.  

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар