Нова компанија во локалната економска зона „Илинден 1“
Објавено во: Македонија 11 Април, 2013
Новиот инвеститор планира да изгради објект на површина од 1.170 метри квадратни и да вработи околу 15 лица.
На поставувањето на камен-темелникот присуствуваше и градоначалникот на општина Илинден, Жика Стојановски.
Во последните неколку години во 9-те локални економски зони се поставени 110 камен темелници на нови стопански објекти, од кои 75 веќе работат и се отворени над 1.500 нови работни места.