05 Декември, 2025
0.0333

НОВА МЕРКА ВО СРБИЈА: Привремено затворени 44 гранични премини

Објавено во: Балкан 12 Март, 2020 14:44

Добивај вести на Viber

Поради опасност од ширење на коронавирусот, Србија привремено затвори 44 гранични премини. 

Се работи за премини кон Унгарија, Романија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, како и неколку внатрешни гранични премини.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, кон Македонија, затворени се граничните премини Прохор Пчински и Голеш – Голема Црцорија, објавено е на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи.

Граничните премини кои се затворени кон Бугарија се- Мокрање, Стрезимировци и Рибари.

Кон Унгарија и Романија, за патнички сообраќај затворени се премините Растина, Бајмок, Бачки Виногради, Хоргош 2, Кањижа (речниот), Чала, Рабе, Врбица, Кикинда, Наково, Јаша Томиќ, Калуѓерово, Голубац, Долни Милановац, Текија, Кладово и Ѓердап 2.

Кон Црна Гора затворени се премините – Годово, Врбница и Јабука, кон БиХ – Прибој, Царево поле, Мокра Гора, Сремска Рача, Перучац, Мали Зворник-стариот мост и Јамен – скелскиот транспорт.

Кон Хрватска, затворени се премините: Сот, Љуба, Нештин, Богоево, Апатин, Бездан, Нови Сад (речниот) Беркасово и Вајска – скелскиот премин.

Внатрешни гранични премини кои се затворени се во Белград – речниот граничен премин и воздушниот премин на аеродромот Морава (Краљево) и Вршац.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии