05 Декември, 2025
0.0371

Нова можност за инвестирање – специјалните таблички за автомобили достигнуваат милионски суми!

Објавено во: Анализа 17 Јуни, 2014 10:13

Добивај вести на Viber

Сопственикот на работилницата за тунинг Kahn Design - Афзал Кан, е подготвен да го продаде купениот во 2008 година регистарски број F1. Бизнисменот сепак сака да добие за единствената табличка колосална сума од 10 009 995 фунти, или скоро 17 милиони долари. Трговецот и дизајнер Афзал Кан ги добил таблите во 2008 година во Велика Британија, а тие го чинеа 465 000 фунти (788 000 американски долари) со сите даноци и такси, кои требало да ги плати. Тогаш тој беше обвинет за трошење, но излегува дека инвестицијата му е доста успешна. Причината е дека договорот за продажба на броеви најверојатно наскоро ќе се оствари. Повод за тоа се фактите - во 2010 година Кан доби понуда да ги продаде табличките, кои ги красеа неговите автомобили Bugatti Veyron, Mercedes-Benz SLR McLaren и Volvo S80, за сума од 5 милиони фунти. Три години подоцна понудата беше за 6 милиони фунти, но и таа беше отфрлена од сопственикот на Kan Design. Сега, меѓутоа, изгледа работите ќе се реализираат. Според последните измени од 20 февруари 2012 година во Македонија стартуваше издавањето на новите регистарски таблици изработени според европските стандарди. За разлика од старите, новите имаат четири бројки кои заедно со 20-те букви кои се користат, овозможуваат околу 4 милиони комбинации што се многукратно повеќе од сегашните. Новите таблици ја задржаа цената на старите, од 1200 денари. Сопствениците на возила сега имаат можност да бидат автори на своите таблици. Овие таблици се наречени специјални и чинат 1200 евра. Заинтересираните сопственици поднесуваат барања до Министерството за внатрешни работи, а комисија од МВР одлучува дали е прифатен предлогот на сопственикот. Овие таблички може да содржат најмалку 3, а најмногу 9 црни букви и броеви, при што натписот не смее да биде провокативен, неетички или спротивен на правниот поредок на Република Македонија. Ваквите таблички се прицврстуваат на предниот дел на возилото. Ова е вистинска можност за вас да инвестирате во можноста некогаш да ги продададете создадените таблички по многу повисока цена, само неизвесно е ќе има ли кој да ги купи. К.К.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени